Кос: Мора да застанеме против автократиите – Кошта од Софија: Ќе работиме со Македонија за надминување на проблемот

April 28, 2025
1 min read

За првпат надворешни сили сакаат да пропадне процесот на проширување на Унијата, оцени еврокомесарката Марта Кос.

Во посета на Чешка, таа нагласи дека светот забрзано се менува, а проширувањето мора да успее зашто носи стабилност и безбедност во Европа.

„Заедно мора да застанеме против автократиите, кои сакаат да не видат да не успееме. Ние сме во нова фаза на процесот на проширувањето. Никогаше порано немало вакви деструктивни надворешни сили кои сакаат да не успееме. Сега за првпат има и толку дезинформациски кампањи.“, вели Марта Кос.

Првиот човек на Советот на Европската Унија, Антонио Кошта во Софија со бугарскиот државен врв зборувал и за проширувањето, а од новинарите беше конкретно прашан дали Македонија ќе ги почне наскоро преговорите, усвојувајќи ги уставните измени посочени во францускиот предлог.

„Ќе продолжиме да работиме со различните земји, поточно со Северна Македонија. // Сметаме на напорите на сите земји да ги надминат проблемите, да ги решат проблемите, да ги адресираат на вистински начин различните прашања и да осигураат ефективно проширување за време на овој институционален циклус, во наредните пет години“, вели Антонио Кошта.

Кошта се сретна и со бугарскиот претседател Румен Радев. Според Радев, проширувањето на ЕУ има поддршка од Бугарија, бидејќи процесот е гаранција за стабилност, но тој треба да е неповратен кај секоја од кандидатките.

„Не е во ред да допуштаме, зад најавените амбиции за членство во ЕУ, да се прикриваат нарушувања на демократските принципи и на човековите права.“, вели Румен Радев.

Инаку, пред Кошта, во Софија беше и еврокомесарката Марта Кос, која потоа најави дека ќе има и разговори со политичарите од Македонија. Домашните власти велат дека имаат комуникација со неа, но нема да откриваат информации за да му оставеле простор на процесот да биде успешен.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Студентите утре ќе им се придружат на родителите на жртвите од Кочани на протестот „Марш на ангелите“

Следно

Киев: Доколку Русија сака мир, мора веднаш да ги прекине непријателствата во Украина

Latest from Blog

Тројца социјални работници добија отказ поради убиството на домородно девојче во Австралија

Телото на девојчето, кое од културни причини е наречено Куманџаји Мало Бејби, беше пронајдено на 30 април, пет дена откако исчезна од абориџинска населба во близина на Алис Спрингс, пишува Би-Би-Си. Министерката

ВЛЕН ги става младите во центарот на политичкото одлучување

Во пресрет на Конгресот на Обединувањето на ВЛЕН, младинските форуми на партиите од коалицијата ВЛЕН предложија Резолуција за унапредување на младите во политичкиот и јавниот живот. Водени од принципите на демократија, меритократија
Go toTop