ЦУК: Вкупно 1 666 повици на 112 во последното деноноќие

April 27, 2025
1 min read

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 666 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, во последното деноноќие, од кои „реални“ повици биле  63,63 проценти, а 25,52 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 69,44 проценти од повиците, кон Итната медицинска помош 21,29, а кон пожарникарите 1,48 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК.

– Инаку, имало 618 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно поединечно или комбинирано со повеќе субјекти информирање и координирање, за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК), се наведува во соопштението од ЦУК.

Во соопштението се додава дека немало пожари на отворено во последното деноноќие, но пожарникарите гаснеле и други пожари во населени места и сите биле изгаснати. Инаку, Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Куманово информира дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово од 13.10 до 13.45 часот со едно противпожарно возлоо и двајца пожарникари интервенирале за гаснење запалено ѓубре околу и во контејенер покрај ул.„Доне Божинов“ во Куманово.    

Македонски железници до ЦУК испратиле известување дека поради последици од поплавите од Маркова Река железничкиот патнички и товарен сообраќај на патниот правец Лисиче – Драчево се уште се одвива заобиколно, односно  преку Маџари – Трубарево кон Драчево и обратно.

РЦУК Скопје, информира дека од ЈСП Скопје, известиле дека поради изведување градежни работи на пат, автобусите на линиите  18, 58, 63А , 66, 66А и 118 во еден дел имаат изменета траса на движење 

Од фирмата „Мактек Дооел“, известуваат дека утре (28.04.2025) на автопатот „A2“ Кичево-Охрид што е во изградба,  „стационажа“ – 14+500 ќе се изврши минирање во времето од 12.00 до 16.00 часот, за потребите на „Гранит“ АД – Кичево.   Истовремено, информираат дека од 28.04.2025 до 02.05.2025,  стручниот тим на  „Мактек Дооел“, ќе  изврши минирање за потребите на компанијата „Мактек Тропикана“ Доо Скопје –„БЕХТЕЛ И ЕНКА УК 2 ЛИМИТЕД – Обединето Кралство“  на локалитетот: С.Бањица (км 7+200 до 9+721 км),   Автопат Коридор 8 и 10 , Тетово – Гостивар – Букојчани и Требеништа Струга – Ќафасан.

– Сите итни случаи се пријавуваат на 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи, соопшти ЦУК.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Италијанските клубови заинтересирани за Де Брујне

Следно

Верниците од денеска ќе можат да го посетат гробот на папата Франциск

Latest from Blog

Пробиштип со свечено одбележување на 9 Мај – Денот на Европа и победата над фашизмот

Во пресрет на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, Општина Пробиштип организираше одбележување на значајниот датум со положување свежо цвеќе и пригодна програма во центарот на

Макстил најголем добитник, ТТК Банка со најголем пад во априлското тргување

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Вкупниот промет во месец април 2026 година изнесува 361.198.589,80 денари, од кои 353.111.499,80 денари се остварени преку сите пазари, а дополнителни 8.087.090 денари преку блок-трансакции.
Go toTop