Ново одложување на санкциите за НИС

April 26, 2025
1 min read

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека санкциите против Српската нафтена индустрија (НИС) се повторно одложени, овој пат до 27 јуни.

-Добри вести за граѓаните на Србија. Србија успеа да добие ново одложување на санкциите за НИС, овој пат за два месеци, до 27 јуни. Ви благодариме на нашите американски партнери што ја разбраа позицијата на Србија – напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.

Претходно НИС кон средината на оваа недела објави дека доставила ново барање до Министерството за финансии на САД за издавање специјална лиценца со која целосното спроведување на најавените американски санкции се одложува од 28 април годинава.

Целта на ова барање е и да се овозможи непречено работење на компанијата и по 28 април, што е рок предвиден во лиценцата издадена на 28 март годинава.

 

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Погребан папата Франциск

Следно

Шестчлено семејство живее во мизерни услови – повеќе од 20 години живеат во импровизирана соба

Latest from Blog

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе

Кога сезоната ќе почне, трибините ќе бидат празни кога ќе игра еден гигант во Серија А!

Кога на 22 август ќе започне јубилејната 125-та сезона од италијанското фудбалско првенство, а воедно и 95-тата, која се игра според двокружниот систем базиран на бодови, немојте да се изненадите ако ги
Go toTop