СВЕТЛО-МАЈСТОРОТ ПЕТАР БОГОЕВСКИ Е ГОДИНАШЕН ДОБИТНИК НА ЗЛАТEН ОБЈЕКТИВ ОД КИНОТЕКАТА

April 26, 2025
1 min read

Светло-мајсторот Петар Богоевски, кој со својот децениски ангажман работејќи со своите колеги директори на фотографија и камермани придонел во визуелизацијата на режисерските замисли, е годинашен добитник на наградата Златен објектив, соопшти Кинотеката.

Ова признание Кинотеката го доделува на филмски автори и културни работници кои преку својот професионален ангажман придонеле во создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија. Свеченото доделување ќе се одржи на 29 април, во 12 часот во Кинотеката.

Богоевски (73) професионално се посветил на филмот во 1970-тите години, најпрвин како светло-мајстор во Македонската телевизија, за веќе во 1976 да се приклучи на екипата во „Вардар филм“ кадешто го минува сиот свој работен век, инволвиран во проекти од секакви филмски родови и жанрови. Работел речиси на сите играни филмови снимени од 1980 до 2010, со Ценевски, Гапо, Столе Попов, Манчевски, Црвенковски, Османли, Митревски, Митриќески, Блажевски, Ристески и други (од „Оловната бригада“ и „Време, води“ (1980) до „Балканкан“ и „Илузија“ (2004), „Контакт“ (2005) и „Тајната книга“ (2006)), како и на голем број документарни и краткометражни играни филмови.

Досегашни добитници на ова признание беа режисерите Столе Попов, Бранко Гапо, Трајче Попов, Кирил Ценевски, Коле Ангеловки, Мето Петровски и Коле Манев, тонскиот снимател Глигор Паковски, аниматорите Дарко Марковиќ и Тонкица Митревска, директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков, филмскиот работник Коста Крпач, продуцентот Панта Мижимаков, филмските критичари Илинденка Петрушева и Благоја Куноски-Доре, монтажерите Димитар Грбевски, Олга Лукова-Дончиќ и Спасе Тасески, костимографите Елена Дончева и Зорка Тодорова-Младеновиќ, како и композиторот Љупчо Константинов.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изложба и промоција на монографија за македонското културно наследство во Тирана

Следно

Проф. д-р Кузмановска: Првпат во државата изведена трансплантација на менискус

Latest from Blog

Пробиштип со свечено одбележување на 9 Мај – Денот на Европа и победата над фашизмот

Во пресрет на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, Општина Пробиштип организираше одбележување на значајниот датум со положување свежо цвеќе и пригодна програма во центарот на

Макстил најголем добитник, ТТК Банка со најголем пад во априлското тргување

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Вкупниот промет во месец април 2026 година изнесува 361.198.589,80 денари, од кои 353.111.499,80 денари се остварени преку сите пазари, а дополнителни 8.087.090 денари преку блок-трансакции.
Go toTop