Васил Јованов ќе одговара пред суд откако смртно ја прегази на Фросина Кулакова

April 25, 2025
1 min read

Кривичниот суд во Скопје го одобри обвинителниот акт против Васил Јованов, кој е осомничен за сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова на булеварот Партизански одреди на 29 јануари годинава.

„Советот за оценка на обвинителен акт го одобри обвинението на Основното јавно обвинителство со број КО 271/25 од 27.03.2025 година, против В.Ј. за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, информираа од Кривичниот суд.

Со оваа одлука, формиран е кривичен предмет под број К.бр. 780/25 кој ќе биде распределен за понатамошно судење преку електронскиот АКМИС-систем.

Од Судот дополнуваат дека странките и јавноста ќе бидат известени кога ќе биде закажан терминот за главната расправа.

Несреќата која се случи на крајот на јануари предизвика бурни реакции во јавноста, откако беше објавено дека младата Фросина загинала по удар од возило на Партизанска, во момент кога се движела по пешачка патека.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турчин почнал да зборува дански откако добил згрутчување на крвта во мозокот

Следно

Пукање на Бит Пазар – МВР со детали

Latest from Blog

Мајка на четири деца е пронајдена обесена во САД- полицијата смета дека сѐ е инсценирано

Властите изјавија дека веруваат оти нејзината ќерка, 29-годишната Тасија Форчун, веќе била мртва пред телото да биде поставено на местото на злосторството, за кое велат дека било наместено. Откривањето на телото на

Сити во небрано, спонзорите веќе ги разгледуваат договорите и размислуваат за повлекување

Манчестер сити би можел да претрпи сериозен финансиски удар доколку остане во сила одлуката во случајот за наводните прекршувања на финансиските правила во Премиер лигата. Според информациите што ги пренесуваат британските медиуми,

Не запира епидемијата на ебола во Конго, починаа речиси половина од заразените

Според најновите бројки од Светската здравствена организација (СЗО), инфекции се регистрирани во 63 здравствени зони во седум од 26-те провинции во земјата. Најновите потврдени случаи се Булу во провинцијата Суд Убанги и
Go toTop