Излезе од печат најновата хаику збирка „Микроскоп, телескоп, стетоскоп“ од Васко Марковски

April 25, 2025
1 min read

Деновиве излезе од печат најновата хаику збирка „Микроскоп, телескоп, стетоскоп“ од Васко Марковски.

„Последниве две децении канонизираниот лирски вид хаику доживува силен интерес меѓу македонските писатели, а меѓу нив особено се истакнува токму Васко Марковски. Неговата книга ‘Корпоративно утро’(2013, 2023) несомнено се вбројува меѓу најдобрите збирки хаику поезија напишани на македонски јазик, а неговиот најнов ракопис, именуван ‘Микроскоп, телескоп, стетоскоп (хаику дневник)’, е еден вид круна не само на неговиот интерес кон лапидарното поетско изразување туку во него се вкрстуваат неколку клучни афинитети на авторот по кои тој е препознатлив во книжевната и културната јавност: репортажата, кусата проза, фотографијата и музиката“, вели за поезијата на Марковски Владимир Мартиновски.

Васко Марковски е туристички водич, патеписец и литературен преведувач. Завршил студии по турски јазик и книжевност со чешки јазик и книжевност. Дваесетина години работел како новинар, патеписец и уредник во петнаесетина медиуми (радио, печатени и мултимедија). 

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЛИК ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ПОЈАВИ ВО НОВАТА ЕПИЗОДА НА „СИМПСОНОВИ“

Следно

Малолетници повредени откако 21-годишник од скопско Миладиновци удрил во нив со „Мерцедес“

Latest from Blog

Тројца загинале во Уганда- се судриле со слон

Полицијата соопшти дека уште четири лица се повредени во несреќата, што се случила во Националниот парк Мерчисон Фолс на северозападниот дел од земјата во недела навечер. Седум службеници на Управата за приходи

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop