Претседателката на ДКСК осомничена во случајот Адитив – одобрени мерки за претпазливост

April 24, 2025
1 min read

Мерки за претпазливост за претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, осомниичена во предметот „Адитив“. Кривичниот суд попладнево го прифати барањето на обвинителството за организиран криминал и корупција и одобри привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова.

Претседатлката на ДКСК, доби и забрана да работи на случаи поврзано со кривичното дело. Засега нема потврда како Димитриовска е поврзана со предметот а неофицијално се сомничи дека издала службена информација. Од прибраните докази, донесена е наредба и за спроведување на истрага и за уште три лица.

„Во однос на осомничената Т.Д. која доцна попладнево беше изведена пред судија на претходна постапка во однос на продолжување на акцијата во јавноста позната како “Адитив”, по нејзино произнесивање во однос на предлогот на ЈО за определување мерки за претпазливост, донесено е решение со кое СЕ ПРИФАЌА предлогот на ОЈО ГОКК и се опредлуваат мерки за претпазливост согласно точка 3 и точка 7 односно Привремено одземање на патната исправа; и Забрана за преземање на одредени работни активности поврзани со кривичното дело.“

Предметот Адитив се однесува на истрага за злоупотреба на јавни набавки и перење пари во врска со набавката на адитиви за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и РЕК Осломеј.

Според обвинителството, осомничените организирале и извршиле пререгистрација на правни субјекти за да ги изиграат постапките за јавна набавка, а со што овозможиле одредени компании да добијат договори и да се стекнат со значителна имотна корист. Истрагата беше покрената во декември минатата година а претреси беа извршени на преку 70 локации во Скопје, Битола, Неготино, Велес, Кичево.

Во февруари годинава, обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против 31 физичко и 5 правни лица.

Под истрага се поранешните директори на ЕСМ Васко Ковачевски, кој веќе со месеци е во бегство и неговиот наследник Васко Стефанов.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Федерер официјален стартер на трката 24 часа Ле Ман

Следно

Зајакнати мерки за непрописно паркирани возила во централно градско подрачје

Latest from Blog

Мајка на четири деца е пронајдена обесена во САД- полицијата смета дека сѐ е инсценирано

Властите изјавија дека веруваат оти нејзината ќерка, 29-годишната Тасија Форчун, веќе била мртва пред телото да биде поставено на местото на злосторството, за кое велат дека било наместено. Откривањето на телото на

Сити во небрано, спонзорите веќе ги разгледуваат договорите и размислуваат за повлекување

Манчестер сити би можел да претрпи сериозен финансиски удар доколку остане во сила одлуката во случајот за наводните прекршувања на финансиските правила во Премиер лигата. Според информациите што ги пренесуваат британските медиуми,

Не запира епидемијата на ебола во Конго, починаа речиси половина од заразените

Според најновите бројки од Светската здравствена организација (СЗО), инфекции се регистрирани во 63 здравствени зони во седум од 26-те провинции во земјата. Најновите потврдени случаи се Булу во провинцијата Суд Убанги и
Go toTop