Велика Британија укина санкции против сириски министерства и разузнавачки агенции

April 24, 2025
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Велика Британија објави дека ги укинува санкциите против повеќе сириски министерства и разузнавачки агенции, според соопштението на британското Министерство за финансии објавено денес, јавува Анадолу.

Во обновената листа на санкции за Сирија се наведува дека Министерството за одбрана на Сирија, Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за општо разузнавање, Разузнавачката агенција на воздухопловните сили и Дирекцијата за политичка безбедност повеќе не се предмет на замрзнување на средства.

Санкциите се укинати и за Националното биро за безбедност, Дирекцијата за воено разузнавање, Бирото за воена набавка, како и за неколку медиуми – Државната организација за радио и телевизија, Ал Ватан, Шам прес ТВ и Сама ТВ.

Оваа одлука следува откако британското Министерство за надворешни работи ја ажурираше листата на санкции воведена против сириски ентитети за време на владеењето на Башар ал-Асад.

Асад, кој владееше со Сирија речиси 25 години, побегна во Русија во декември, со што заврши повеќедецениското владеење на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година.

Во Сирија кон крајот на јануари беше формирана транзициска администрација, поништувајќи го уставот, распуштајќи ги безбедносните служби, вооружените фракции, Парламентот и партијата Баас.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Гаши: Локалните избори ќе бидат распишани кон крајот на јули или почетокот на август

Следно

Проблеми за Анчелоти: Реал без Алаба и Камавинга против Барселона

Latest from Blog

Мечот Франција – Ирак е прекинат!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Поради лошите временски услови, силен дожд и грмотевици, мечот во Филаделфија е прекинат на најмалку половина час и тоа непосредно пред да почне второто полувреме. Сепак останува да видиме дали и

Трамп: „Ќе се согласат на сè…“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал
Go toTop