Гаши: Локалните избори ќе бидат распишани кон крајот на јули или почетокот на август

April 24, 2025
1 min read

На денешниот брифинг со новинарите претседателот на Собранието, Африм Гаши најави дека локалните избори ќе бидат распишани кон крајот на јули или почетокот на август.

Тој додаде дека е побарана јавна расправа во Парламентот за измените на Законот за локална самоуправа, кои Министерството за локална самоуправа ги најавува подолг период.

Гаши нагласи дека на следната пленарна седница која треба да се одржи на 29 април се очекува да биде ставена интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на Левица.

-Причина за интерпелацијата е поради тоа што Тошковски, од позиција на министер за внатрешни работи, грубо ја занемарил и несоодветно ја извршувал својата јавна функција, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во МВР, рече пратеникот на Левица, Сашко Јанчев на 14 април кога информираше дека ја поднесуваат интерпелацијата.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битола го одбележува Меѓународниот ден на џезот

Следно

Велика Британија укина санкции против сириски министерства и разузнавачки агенции

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop