Извршено примопредавање на функцијата министер за информатичко општество и администрација

February 28, 2023
1 min read

Во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) денеска се изврши примопредавање на должноста помеѓу досегашниот министер Адмирим Алити и новоименуваниот министер Азир Алиу.

Како што информираат од МИОА, во срдечна атмосфера, двајцата си посакале многу успех и ефикасно справување со предизвиците кои претстојат во ресорот.

Новиот министер Алиу истакна дека силно верува оти со многу работа, упорност и одговорност, може да се постигнат резултати со кои ќе бидат горди сите наши сограѓани

-Моите претходници започнаа некои навистина значајни процеси и проекти во областите како што се дигитализација, сајбер безбедност и развој на информациски и комуникациски технологии, кои заедно со новите проекти што ги подготвуваме со мојот тим, очекуваме значајно да влијаат на подобрување и позитивна трансформација на целокупниот ИКТ еко-систем во Република Северна Македонија. Силно верувам дека со многу работа, упорност и одговорност, можеме да постигнеме резултати со кои ќе бидат горди сите наши сограѓани, рече Алиу.

Алиу е интернационален експерт во областа на информатичките технологии и образованието, со повеќе од 20 години работно искуство во приватниот и академскиот сектор, реализирајќи над 100 различни проекти во области како дигитална трансформација, развој на стартап екосистеми, вештачка интелигенција и машинско учење.

На должноста министер доаѓа од позиција на универзитетски професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово на факултетот за Компјутерски науки и технологија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По разурнувачкиот земјотрес од Турција во Сирија се вратиле 40.000 бегалци

Следно

Христовски: Поради неспособноста на МВР и институциите да се справат со дојавите за бомби, 4 месеци се дозволува некој да си игра со судбините на нашите деца

Latest from Blog

Божиновска: По 19 години воведуваме нови правила за квалитет на течните горива

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со спроведување на реформите во енергетскиот сектор и воспоставување современа регулаторна рамка. По речиси 19 години примена на Правилникот за квалитет на течните горива,

Проданоски ги повика прилепчани на музичка вечер со Side Quest на Камената бина

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, ги повика граѓаните вечерва да присуствуваат на новата музичка вечер во рамки на проектот „Од 0 до КултурА“. На Камената бина, со почеток во 21:00 часот,

Недим Рама: Македонија ќе се поврзе со нови извори на природен гас и LNG терминали

Северна Македонија е на прагот на значајна трансформација на својот гасен систем, со изградба на нови интерконектори, модернизација на националната мрежа и поврзување со регионалните енергетски пазари. Во интервју за МИА, извршниот

МФ: Со новиот Закон за игри на среќа се воведуваат нови правила за giveaway – дозвола, надоместок и јасно утврдени услови

9 јули 2026 година, Скопје– Задолжителна дозвола за организирање подарувања (giveaway), надоместок за нивно приредување, јавно објавување на правилата и резултатите, како и јасно утврдени рокови и услови за организирање, се дел
Go toTop