ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ КОМПОЗИТОР И МУЗИЧКИ ПРОДУЦЕНТ ТОШЕ ПОП-СИМОНОВ

April 19, 2025
1 min read

Тоше Поп-Симонов, еден од најзначајните композитори, продуценти и аранжери во современата македонска музика, почина на 63 години.

Поп-Симонов ја почна својата музичка кариера во 1980-тите, при што беше еден од основачите и гитарист на култната рок група „Бастион“, а потоа и гитарист на рок групата „Асторија“.

Поп-Симонов остави особено длабока трага во македонската музика во 1990-тите, кога повеќе се посвети на работата во студио, соработувајќи со речиси сите познати имиња од поп, рок, па и фолк сцената. Меѓу другите, ги промовираше Ена Веко и „Студени нозе“, што беше негов продукциски проект.

Како композитор, снимател, продуцент или аранжер, Поп-Симонов работеше на албуми и синглови на „Мизар“, Владо Јаневски, „Меморија“, Дарио, „Силви бенд“, „Анастасија“, Дуле и Коки, „Куку леле“, Верица Пандиловска и бројни други.

Реагирајќи на веста за смртта на својот долгогодишен соработник и пријател, Дарио Панковски ни изјави дека тој токму во негова чест настапил на последната „Златна бубамара на популарноста“.

Многу ме потресе веста за заминувањето на Тоше. Требаше заедно да настапиме на ‘Златна бубамара‘, но тој мораше да откаже од здравствени причини. Тој ги напиша ‘Дупла вотка‘ и ‘Дај да заспијам‘ и тогаш настапив во негова чест“, рече Панковски.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скандал во Охрид: Воска го напушти теренот, натпреварот со Вардар прекинат

Следно

Почина Тоше Поп Симонов – долгогодишен музички автор и продуцент

Latest from Blog

На свештеник му се слоши, па се исповрати врз претседателот на државата: Не можев да се воздржам (ВИДЕО)

Инцидентот се случи на вториот ден од Лунарната Нова Година во Храмот на жртвување за боречки вештини, каде што Лаи присуствуваше на традиционална церемонија. Лин Пеи-хуо, претседателот на храмот, беше видливо снеможен

Мицкоски: Првото сценарио е Украина заедно со Црна Гора, Албанија и Македонија, да пристапат кон ЕУ уште во 2027, да седнат на масата но без право на глас

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување на Канал 5 говореше за можниот модел на пристапување на земјава во Европската Унија, посочувајќи дека постои сценарио според кое Македонија, заедно со Црна Гора и Албанија,

ЛЕ: Голема победа за Ц. Звезда против Лил, Штутгарт го „растури“ Селтик

Белградска Црвена Звезда се враќа со голема победа од Франција, каде во првиот плеј-оф натпревар во Лигата на Европа славеше со минимални 1:0 на гостувањето против Лил. Французите беа значително ослабени за

Без Ристоска на листата: Мицкоски со детали за кандидатите за обвинител

Во интервјуто на Канал 5, премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, посочи дека од четирите кандидати за државан јавен обвинител за кои Советот на јавни обвинители даде позитивни мислење, на владината листа
Go toTop