Поранешен јуниор на Манчестер Јунајтед почина на 36 години

April 18, 2025
1 min read

Поранешниот англиски фудбалер Џо Томпсон почина на 36-годишна возраст, објави денеска англискиот клуб Рочдејл чиј дрес го носеше на повеќе од 200 натпревари.

Рочдејл објави дека Томпсон „почина од рак во четвртокот дома опкружен со своето семејство“.

„Џо беше талентиран фудбалер, но и личност со многу љубов. Неговиот нескротлив дух беше инспирација за сите. Пред сè, тој беше добар сопруг и татко“, соопшти Рочдејл.

На Томпсон, кој во јуниорските денови беше дел од академијата на Манчестер Јунајтед, првпат му беше дијагностициран Хочкинов лимфом во 2013 година, а по третманот, болеста се врати три години подоцна. Во 2017 година објави дека е излечен од ракот и ја продолжи фудбалската кариера која ја заврши две години подоцна.

Минатата година на Томпсон по трет пат му беше дијагностициран рак. Сочувство по повод смртта на Томсон изрази и Манчестер јунајтед.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УНРВА: 420.000 Палестинци се раселени во Газа по прекршувањето на договорот за прекин на огнот од Израел

Следно

„Израелската влада ‘во состојба на крајно лудило’ неселективно ги масакрира Палестинците“

Latest from Blog

Пробиштип со свечена програма го одбележа денот на победата и денот на Европа

Во пресрет на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, Општина Пробиштип организираше одбележување на значајниот датум со положување свежо цвеќе и пригодна програма во центарот на

МЕПСО ја обжали одлуката: спорот со „Енергоинвест“ оди во арбитражна битка

Компанијата „МЕПСО“ ја обжалила одлуката на предарбитражното тело за спорови кое одлучи во корист на компанијата „Енергоинвест“ од Сараево која требаше да го гради интерконекторот кон Албанија. Од МЕПСО се убедени дека

Пробиштип со свечено одбележување на 9 Мај – Денот на Европа и победата над фашизмот

Во пресрет на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, Општина Пробиштип организираше одбележување на значајниот датум со положување свежо цвеќе и пригодна програма во центарот на
Go toTop