УНРВА: 420.000 Палестинци се раселени во Газа по прекршувањето на договорот за прекин на огнот од Израел

April 18, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) денеска соопшти дека околу 420.000 Палестинци се раселени во Појасот Газа од 18 март, откако Израел го прекрши договорот за прекин на огнот, јавува Анадолу.

Во соопштението на агенцијата се вели дека хуманитарната помош и основните залихи не влегле во Газа од 2 март 2025 година, кога израелските власти воведоа целосна блокада.

„Оваа блокада трае веќе трипати подолго од онаа која беше воведена во октомври 2023 година, кога започна војната“, стои во соопштението.

УНРВА информираше дека израелската војска има издадено најмалку 20 наредби за принудна евакуација во период меѓу 18 март и 14 април, со што околу 69 отсто од територијата на Појасот Газа е под активни наредби за раселување или е прогласена за „зона во која е забрането движење“.

Агенцијата проценува дека речиси 420.000 лица се повторно раселени откако беше прекршен договорот за прекин на огнот.

„Повторното бомбардирање, заедно со целосната блокада на хуманитарната помош, сериозно ја попречуваат способноста на агенциите да одговорат на итните потреби — особено за храна, чиста вода, санитарни услови, засолништа и медицински материјали,“ се наведува во соопштението.

Од почетокот на нападите во октомври 2023 година досега во Газа убиени се најмалку 51.000 Палестинци, од кои повеќето жени и деца.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Овоштарите во страв по падот на температурите: Доколку се оштетени овошките, ќе влијае на цените

Следно

Поранешен јуниор на Манчестер Јунајтед почина на 36 години

Latest from Blog

Мечот Франција – Ирак е прекинат!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Поради лошите временски услови, силен дожд и грмотевици, мечот во Филаделфија е прекинат на најмалку половина час и тоа непосредно пред да почне второто полувреме. Сепак останува да видиме дали и

Трамп: „Ќе се согласат на сè…“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал
Go toTop