Глобална трговска војна – чекор напред, два назад

April 17, 2025
1 min read

Кина одлучи да го игнорира секое идно покачување на царините кое ќе во воведе американската администрација. Додека си џинпин ја продолжува турнејата низ југоисточна Азија, од кинеското министерство за надворешни работи порачуваат дека воопштио нема да обрнуваат внимание ако САД одлучат да ја продолжат, како што ја нарекоа, играта со бројки, кога станува збор за царините.

Неодамна, од Белата куќа објавија дека Пекинг соочува со царини до 245 отсто поради нејзините одмазднички мерки. Од Вашингтон велат дека вкупните давачки на Кина ја вклучуваат најновата реципрочна царина од 125 отсто, царина од дополнителни 20 отсто за справување со кризата со фентанил, како и царини меѓу 7,5 и 100 отсто за одредени стоки поради нефер трговски практики.

„Царинските и трговските војни немаат победници. Кина не сака да се бори во тие војни, но ниту се плашиме од нив. Ако САД продолжат да ја играат оваа игра на броеви со царини, тие едноставно ќе бидат игнорирани. Но ако САД продолжат да нанесуваат штета на правата и интересите на Кина, ќе одговориме со решителни контрамерки и ќе останеме на својот став до крај.“ – Лин Џијан портпарол на министерството за надворешни работи на Кина.

Доналд Трамп пак тврди дека е постигнат голем напредок во трговските односи со неколку земји, меѓу кои Јапонија и Велика Британија.

„Голема чест за мене – штотуку се сретнав со јапонската делегација за трговијата. Голем напредок!“ – Доналд Трамп.

Британските медиуми пак повикувајќи се на извори од владата, наведуваат дека договор меѓу Лондон и Вашингтон, може да биде постигнат за најмногу три недели. Земјата се соочи со царини од 10 проценти на сите производи извезени во САД.

Во меѓувреме, Светската Трговска Организација значително ја намали прогнозата за глобалната трговија со стоки, предвидувајќи пад од 0,2 отсто оваа година поради негативните ефекти од американските царини. Прогноза претставува остар пресврт од претходно проектираниот раст од 3,0 проценти, додека организацијата предупредува дека трговијата може да го доживее најголемиот пад од 2020 година, кога светот беше погоден од пандемијата на коронавирус.

 

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Охрид оваа година нуди богата програма за Велигден, празнични концерти, базари, прошетки низ храмовите

Следно

Седуммина осомничени за пожарот во Кочани од ефективен одат во куќен притвор

Latest from Blog

Стентон Градба успешно го реализираше индустрискиот капацитет на Brainchild

Новиот производствен објект на компанијата Brainchild во ТИРЗ Жабени – Битола е завршен и ставен во функција, а изведбата на проектот ја реализираше градежната компанија Стентон Градба, која уште еднаш го потврди

Божиновска: Жените инженери се двигател на енергетската иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска упати порака по повод Меѓународниот ден на жените во инженерството, истакнувајќи дека жените сè почесто ја менуваат сликата во енергетскиот сектор и придонесуваат

ВЛЕН: До 10.000 евра за млади кои сакаат да започнат сопствен бизнис

Со објавувањето на јавниот повик за мерката за самовработување започнува имплементацијата на Оперативниот план за вработување 2026, кој, според ВЛЕН, претставува значајна можност за граѓаните и развојот на претприемништвото. Преку оваа мерка,

Коњановски: Четврта година по ред летна пракса за 40 студенти во Општина Битола

Општина Битола во соработка со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и ова лето, по четврти пат, ја организира универзитетската летна пракса, со цел унапредување на практикантската работа и поголемо вклучување на
Go toTop