„Стрели“ меѓу лидерите на Вреди и Таравари – Вреди размислува да се обедини во еден субјект

April 17, 2025
2 mins read

ВРЕДИ разговараше за придвижување кон обединување во еден политички субјект, рече претседателот на Беса, Биљал Касами, еден ден откако коалицијата во која е дел објави дека АА на Арбен Таравари се самоисклучила од ВРЕДИ, одлучувајќи да излезе со посебни листи за општински советници.

 „Досега не се расправаше кој ќе биде претседател, барем во ВРЕДИ се расправаше кој ќе го води овој политички субјект и како ќе се поделат одговорностите. За нас е важно ВРЕДИ да ја продолжи мисијата што ја започна на парламентарните избори, да направи промени и да донесе нов дух, нов пристап“, вели Биљал Касами.

Реагирајќи на ситуацијата, другите лидери на ВРЕДИ коментираа на социјалните мрежи. Лидерот на ДД Изет Меџити напиша дека промените на почетокот се тешки, на средина збунувачки, а на крајот извонредни, но според него никој не може да го спречи – ниту опортунисти, ниту демагози кои одбиваат да се сменат, ниту зависни политичари, ниту, како што пишува, олигарсите кои сакаат да ја држат политиката во заложништво.

„Промената е повикот на народот. И кога народот ќе се обедини, се случуваат промени. Промената продолжува. Заедно со чесниот граѓанин. Заедно со праведниот активист. Заедно со искрениот воин. Духот на промената обединува. Затоа што промената ВРЕДИ“, вели Изет Меџити.

Писмено реагираше и лидерот на Алтернатива Зеќирија Ибрахими.

„Денес, соочени со две јасни коалиции – ВРЕДИ и Европскиот фронт на чело со ДУИ – секое отстапување од ВРЕДИ не е неутралност, туку е транзиција кон Фронтот, кон ДУИ или, поточно, кон Старецот од Соравија. Да кажам отворено: кој и да замине од ВРЕДИ е во служба на  Нонграта партијата. Без драматизации во улога на жртва, без симболични толкувања и без политичка егзегеза“, вели Зеќирија Ибрахими.

Најдолга реакција имаше Беким Ќоку, претставник на Движењето Самоопределување во рамките на коалицијата ВРЕДИ. Во елаборирањето на сите случувања, меѓу другото, напиша дека инсистирањето на посебни листи бара причина за поделба, а не за обединување. Аргументот дека на посебни листи ќе ги мерат силите во коалицијата, според Ќоку, е бесмислен. Понатаму се наведува дека ВРЕДИ силите треба да ги мери само со ДУИ.

„Одење со посебни листи за општински советници, освен што сериозно ќе ја ослабне коалицијата ВРЕДИ, би го поделила и албанскиот глас. Четирите партии на ВРЕДИ, поединечно, се уште мали во однос на ДУИ. Само нивното обединување заедно со факторот Самоопределување ги прави конкурентни и доволно силни за да триумфираат на следните избори“, вели Беким Ќоку.

И првиот човек на АА Арбен Таравари преку Фејсбук реагираше пишувајќи дека еден од најсмешните повици е апелот за промена од некој кој и самиот користи методи на стар политички менталитет.

„Промената започнува од себе, но за некои е потребно повеќе време, а за други помалку…за жал, има и такви кои никогаш не можат да се променат! Алијансата има мотив кој секогаш ја одржува во движење, а тоа е повикот на луѓето! Блажен е оној што слуша, зашто патот до Победата му е лесен! А најголемата победа е Народот и нашата само што почна“, вели Арбен Таравари!

ВРЕДИ вчера објави дека Таравари се самоисклучил од коалицијата. До ваков заклучок дојдоа лидерите и претставниците на другите три партии, откако ден претходно Централното претседателство на АА одлучи да се натпреварува на локалните избори со посебни листи за општински советници, нешто неприфатливо за останатите лидери на ВРЕДИ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Случај „Пулс“: Папазов оди во куќен притвор, за Бектеши продолжен притворот

Следно

Охрид оваа година нуди богата програма за Велигден, празнични концерти, базари, прошетки низ храмовите

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop