За првпат во Европа – Аеродромот „Истанбул“ почнува истовремено да користи три посебни писти

April 17, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Аеродромот „Истанбул“, кој минатата година беше втор најпрометен аеродром во Европа, денес официјално започна со истовремено оперирање на три посебни писти, јавува Анадолу.

Со оваа нова инфраструктура, аеродромот „Истанбул“ стана прв аеродром во Европа што воведува ваква практика и втор во светот по САД.

На церемонијата по повод почетокот на тројните операции, турскиот министер за транспорт, Абдулкадир Уралоглу, изјави дека од денес ќе може три авиони истовремено да слетуваат или да полетуваат на целосно посебни писти.

„Ова не е само за пвпат за Туркије туку и за европската авијација и претставува вистинска пресвртница за глобалниот авионски сообраќај. По САД, Туркије е единствена земја што го има имплементирано овој систем“, нагласи министерот.

Уралоглу потсети дека аеродромот „Истанбул“, визионерски проект за Туркије, уште од отворањето на 29 октомври 2018 година е вистински светски репрезент.

„Со годишен капацитет од 90 милиони патници, аеродромот ‘Истанбул’ ја доведе Туркије меѓу водечките сили во глобалната авијација. Овој модерен комплекс, кој пречекува милиони патници од целиот свет, стана симбол на економската и културната моќ на Туркије.“

Тој додаде дека аеродромот во 2019 година, само првата година од неговото работење, опслужил над 52 милиони патници, а во 2023 година таа бројка се зголемила на над 76 милиони.

Според најновите податоци од Дирекцијата за државни аеродроми на Туркије (DHMI), аеродромот„Истанбул“ во 2024 година опслужил околу 80 милиони патници, што го позиционира како најголем и втор најпрометен аеродром во Европа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Милер го одигра последниот натпревар во ЛШ во дресот на Баерн

Следно

ДЗР: 77 проценти од вкупните приходи за платено политички рекламирање на седумте кандидати на Претседателските избори 2024 се обезбедени од Буџетот

Latest from Blog

Стентон Градба успешно го реализираше индустрискиот капацитет на Brainchild

Новиот производствен објект на компанијата Brainchild во ТИРЗ Жабени – Битола е завршен и ставен во функција, а изведбата на проектот ја реализираше градежната компанија Стентон Градба, која уште еднаш го потврди

Божиновска: Жените инженери се двигател на енергетската иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска упати порака по повод Меѓународниот ден на жените во инженерството, истакнувајќи дека жените сè почесто ја менуваат сликата во енергетскиот сектор и придонесуваат

ВЛЕН: До 10.000 евра за млади кои сакаат да започнат сопствен бизнис

Со објавувањето на јавниот повик за мерката за самовработување започнува имплементацијата на Оперативниот план за вработување 2026, кој, според ВЛЕН, претставува значајна можност за граѓаните и развојот на претприемништвото. Преку оваа мерка,

Коњановски: Четврта година по ред летна пракса за 40 студенти во Општина Битола

Општина Битола во соработка со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и ова лето, по четврти пат, ја организира универзитетската летна пракса, со цел унапредување на практикантската работа и поголемо вклучување на
Go toTop