Муртезани: Таравари го смени приоритетот на Вреди и кокетира со ДУИ

April 17, 2025
1 min read

Ако Таравари јавно кокетира со Ахмети, и тоа не го крие, го доведува во прашање целото функционирање на Владата зашто какво ќе биде тоа ако тој има врски со ДУИ. Ова создава загриженост и треба да се расчисти, изјави Орхан Муртезани, министер за европски прашања и претставник на коалицијата Вреди (Влен) од партијата Алтернатива. 

Муртезани на Тв Телма, рече дека кога ја формирале коалицијата Вреди, главната премиса им била „да се создаде антипод на Демократската унија за интеграција кој требаше да се бори против режимот инсталиран од ДУИ со криминал и корупција“.

– По пат, еден од нашите партнери во коалицијата го смени приоритетот и почна да смета дека не е толку битно борбата против криминалот и корупцијата туку колкав број општини ќе добие на Локалните избори и на тој начин ја тргна бариерата да не се кокетира и комуницира со ДУИ, туку почна да гледа и соработник во ДУИ, истакна Муртезани.   

Според него, изјавата на Арбен Таравари дека Владата не испорачувала доволно е само „барање алиби за да соработува со ДУИ“, а изјавата дека „Гостивар е тешко победлива општина со Вреди“, како што рече, значи дека може да ја освои со ДУИ.

– Во тоа е суштината. Се открива планот за одење во скутот на Ахмети, а тоа го прави со обвинување на довчерашните партнери. За да има алиби, мора да ја напаѓа коалицијата и Владата, а со тоа се напаѓа и себеси. Несериозни се обвинувањата дека не испорачува доволно, а да биде дел од Владата. Ако смета дека тој сам не вложува доволно, нека оди во опозиција. Нема логика ако опцијата е да оди со ДУИ „за да ги бива“, рече Муртезани. 

Соопшти дека на Таравари му биле понудени 40 отсто градоначалнички места, а останатите 60 отсто за останатите три партии во коалицијата Вреди. 

– Имаше доволно голема и солидна поделба, но изгледа се имал договорено со Али Ахмети, рече Муртезани и додаде дека Таравари инсистирал  на посебни, а не на заеднички листи и оти со тоа се видело „дека тоа му носи вода на ДУИ“. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Серена: Да го направев јас тоа, ќе добиев 20 години суспензија

Следно

Сончево со умерена облачност, температурата до 24 степени

Latest from Blog

Николоски: Инфраструктурата и капиталните вложувања во фокусот на средбата со германските компании

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска остварила бизнис-средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои веќе работат во Македонија, информираше вицепремиерот Александар Николоски. Во фокусот биле можностите за

Проданоски: Со шведска поддршка градиме современ систем за управување со отпадот

Унапредувањето на управувањето со отпадот, можностите за нови инвестиции и користењето меѓународни фондови беа теми на работната средба на градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, со шведскиот амбасадор Ола Сулстром, заменик-министерката за животна

Божиновска: Заштитата на енергетската инфраструктура од сајберзакани е постојан приоритет

Заштитата на критичната енергетска инфраструктура мора да биде постојан приоритет, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настанот „Сајбербезбедност во енергетскиот сектор: Од проценка до отпорност – Патоказ

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

Зголемената глобална побарувачка за бакар и други критични минерални суровини го става рударството во фокусот на европските економски и индустриски политики. Во услови на енергетска транзиција и брз технолошки развој, регионот на

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони
Go toTop