Серена: Да го направев јас тоа, ќе добиев 20 години суспензија

April 17, 2025
1 min read

Американската тенисерка Серена Вилијамс, освојувачка на 23 грен слем титули и поранешен број 1 на ВТА листата, го коментираше случајот со допинг на италијанскиот тенисер Јаник Синер.

Таа во својата изјава за „Тајмс“ се осврна и на поранешната ривалка Марија Шарапова.

„Го сакам момчето, го сакам спортот. Тој е одличен за тенисот. Му треба на машкиот тенис. Но, да бидеме искрени – ако јасго направев тоа, би добила 20 години казна. Сите мои титули од грен слем турнирите би ми биле одземени”, изјави Вилијамс.

Јаник Синер моментално отслужува тримесечна суспензија поради прекршување на антидопинг правилата во пролетта 2024 година. Се очекува тој да се врати на наредниот месец, на Мастерсот во Рим.

Во 2016 година, Марија Шарапова сама свика вонредна прес-конференција и откри дека била позитивна на забранетата супстанција, мелдониум. Таа беше суспендирана 24 месеци.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Има ли во исхраната во Македонија брашно од ларви, скакулци и други инсекти? Одговара првиот човек на АХВ

Следно

Муртезани: Таравари го смени приоритетот на Вреди и кокетира со ДУИ

Latest from Blog

Македонија ја зголемува енергетската сигурност со нови зелени капацитети

Македонија бележи забрзан развој на обновливите извори на енергија, а растот на инсталираните капацитети веќе ја надминува динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК). Ова е наведено во најновиот

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите
Go toTop