Ѓуро Мацут нов српски премиер, избрана новата Влада

April 16, 2025
1 min read

Со 153 гласа „за“ и 46 „против’ српскиот Парламент денеск аја избра нопвата влада што ќе ја предводи Ѓуро Мацут, јави дописникот на МИА од Белград. На гласањето не беа присутни 51 пратеник.

За новата Влада на Србија гласаа членовите на владејачката коалиција од листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да застане“, Социјалистичката партија на Србија, Обединета Србија, ПУПС, Социјалдемократската партија на Србија и Сојузот на војводинските Унгарци. Против беа пратениците на опозициските партии кои присуствуваа на седницата.

На седниците на Собранието не присуствуваа членовите на коалицијата НАДА и Демократската партија.

Економската политика на Србија нема да се промени. Така барем најави Ѓуро Мацут во експозето пред пратениците во Собранието. Политиката на одржување на макроекономската стабилност, каква што ја имавме досега, продолжува, вели тој.

Новата Влада на Србија ќе ја сочинуваат 30 министри, од кои има и од кабинетот на претходниот премиер Милош Вучевиќ, кој поднесе оставка.

Пратениците од владејачкото мнозинство во расправата порачаа дека ќе поддржат избор на нова влада, а пратениците од опозицијата го критикуваа предлогот за мандатар.

Кандидатот за премиер Ѓуро Мацут вчера ја претстави програмата и составот на неговиот кабинет.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Србија доби нова влада

Следно

Меџити: Таравари се самоисклучи од Вреди, самостојниот настап со советнички листи на АА е во корист на ДУИ

Latest from Blog

Мајка на четири деца е пронајдена обесена во САД- полицијата смета дека сѐ е инсценирано

Властите изјавија дека веруваат оти нејзината ќерка, 29-годишната Тасија Форчун, веќе била мртва пред телото да биде поставено на местото на злосторството, за кое велат дека било наместено. Откривањето на телото на

Сити во небрано, спонзорите веќе ги разгледуваат договорите и размислуваат за повлекување

Манчестер сити би можел да претрпи сериозен финансиски удар доколку остане во сила одлуката во случајот за наводните прекршувања на финансиските правила во Премиер лигата. Според информациите што ги пренесуваат британските медиуми,

Не запира епидемијата на ебола во Конго, починаа речиси половина од заразените

Според најновите бројки од Светската здравствена организација (СЗО), инфекции се регистрирани во 63 здравствени зони во седум од 26-те провинции во земјата. Најновите потврдени случаи се Булу во провинцијата Суд Убанги и
Go toTop