Ердоган: Во период на зголемени тензии и нови кризи, Туркије им дава приоритет на правдата, мирот и дипломатијата

April 15, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека секој кој ќе биде пречка Сирија да постигне траен мир и стабилност, пред нив ќе ги најдат сириската влада и Туркије, известува Анадолу.

Претседателот Ердоган, им се обрати на претставниците на медиумите по состанокот на претседателскиот кабинет.

Во својот говор Претседателот Ердоган истакна:

„Во период кога тензиите се зголемуваат и постојано се појавуваат нови кризи, Туркије ќе продолжи да им дава приоритет на правдата, мирот и дипломатијата“.

Турскиот претседател посочи дека во Сирија е елиминирана можноста за враќање на периодот пред 8 декември и додаде дека со револуцијата од 8 декември во оваа земја е започната нова ера.

„Отворено кажувам дека секој кој ќе биде пречка Сирија да постигне траен мир и стабилност, пред нив заедно со сириската влада ќе нѐ најде и нас“, подвлече претседателот Ердоган.

Тој истакна дека како што не дозволиле Сирија да биде поделена преку терористичкиот коридор, нема да дозволат таа земја да биде поделена ниту преку други коридори.

„Наместо тестирање на нашето трпение во Сирија, некои актери треба да го ценат пријателството на Туркије, да се однесуваат како држава, а не како (терористичка) група“, посочи претседателот Еродган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коцевски: Со 7 нови полицајци вечерва се проширува истрагата за Кочани

Следно

Приведен командир на ПС Кочани кој раководел со станицата и за време на пожарот

Latest from Blog

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот на плажите

Уредувањето и користењето на охридските плажи на Општина Охрид и на ЈП „Охридски комуналец“ им носи вкупен годишен приход од приближно 700.000 евра, средства кои, според локалната самоуправа, одиграле клучна улога во
Go toTop