Извештајот на ДЗСИ за смртта на 57-годишниот маж – немало оперативна сала, било предложено да се оперира во странство

April 15, 2025
1 min read

По смртта на 57-годишниот пациент, Државниот здравствен и санитарен инспекторат изврши вонредена инспекција на Клиниката за кардиохирургија, во Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Според извештајот, констатирано е дека нема лекарски грешки во врска со лекувањето и закрепнувањето на пациентот, додека во областа на стручното работење на здравствените работници, се иницира формирање на комисија за стручен надзор  од Министерот за здравство.

Од увидот е потврдено дека ангиографската сала во Торакална хирургија не функционира веќе еден месец, а клиниката ги нема ниту потребните стентови за соодветна интервенција на аортата. Според извештајот, во расположливата сала, доколку се изврши интервенција, ризикот од смрт бил премногу висок поради несоодветни услови.  Поради оваа причина, лекарите му препорачале на семејството да го испрати починатиот на операција во странство, а трошоците ќе бидат на товар на фондот. Семејството го прифатило тоа, но пациентот починал на 9 април, еден ден откако бил примен во болница, поради влошување на состојбата.

„Поради причините наведени погоре, издаден е упат за ЈЗУ УК за за Торакална и васкуларна хирургија Скопје, но добиен е извештај дека кај нив нема можност за изведување на ендоваскуларен третман поради поправка на дел од ангиографот, а и не се изведуваат интервенции на торакална аорта туку само васкуларни процедури на абдоминална аорта, а уште повеќе што не располагале ниту со TEVAR стент графтови“, вели ДСЗИ.

Прашан за овој случај, министерот за здравство Арбен Таравари, рече дека не го видел извештајот за починатиот пациент, но вели дека тоа може да ни се случи на сите.

„Сите сме потенцијални пациенти. Ова може да ни се случи на сите. За среќа, во Македонија имаме три клиники каде се вршат вакви операции, меѓу кои една државна и две приватни. Да го видам извештајот од ДЗСИ, секако дека ќе има одговорност доколку имало пропуст или грешка“, вели Арбен Таравари.

Операционата сала, која во моментов се реновира, ќе продолжи со работа по 15 мај 2025 година. Во тек е јавна набавка за набавка на стентови за интервенција на ТЕVAR  и истите би биле обезбедени во периодот кога ќе започне со работа реновираната операциона сала, се наведува во извештајот на Здравствениот инспекторат.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

МСУ ДОБИ 94 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА, ДЕЛ ОД ПРОЕКТИТЕ СЕ ЗА ТВОРЕШТВАТА НА ЖИВКО ПОПОВСКИ, ЈОРДАН И ИСКРА ГРАБУЛОСКИ, БЛАГОЈА МАНЕВСКИ

Следно

Макрон: Отворањето на сите хуманитарни премини во Газа е неопходно за живот на цивилите

Latest from Blog

Локализиран пожарот во село Пелинце

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска во 14:16 часот на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 бил пријавен пожар во село Пелинце, општина Старо Нагоричане, на место викано

Англија едвај ја победи Андора, Кејн го постигна единствениот гол

Репрезентацијата на Англија вечерва забележа минимална победа над аутсајдерот Андора со 1:0 во квалификациите за Светското првенство 2026. Единствениот гол за гостите го постигна Хари Кејн постигна гол во 50. минута. За

Истанбул е „жива скапотија“ за нормален живот

Во мај трошоците за живот на четиричлено семејство во Истанбул достигнале 91.722 турски лири (речиси 2.500 евра), што е зголемување од 49,09 проценти во споредба со истиот месец лани, покажува истражување на
Go toTop