Почина нобеловецот Марио Варгас Љоса

April 14, 2025
1 min read

Перуанскиот писател Марио Варгас Љоса, добитник на Нобеловата награда за литература, почина вчера на 90-годишна возраст, објави неговото семејство на мрежата „Икс“.

„Со длабока тага, објавуваме дека нашиот татко Марио Варгас Љоса почина во Лима, опкружен со семејството и во мир“, соопштува пораката објавена синоќа, потпишана од неговиот постар син Алваро, помалиот син Гонзало и ќерката Моргана.

И перуанската претседателка Дина Ерикилија Болуарте Зегара изрази сочувство до семејството на писателот.

„Неговиот интелектуален гениј и огромен литературен опус ќе останат вечно наследство за идните генерации. Изразуваме длабоко сочувство до неговото семејство, пријателите и светот на литературата. Нека почива во мир, најпознатиот Перуанец на сите времиња”, се наведува во објавата на претседателката.

Роден во 1936 година, во семејство од средна класа, Варгас Љоса беше еден од големите предводници на латиноамериканскиот литературен „бум“ од 1960-тите и 70-тите, заедно со Колумбиецот Габриел Гарсија Маркез и Аргентинецот Хулио Кортасар. Плодниот романсиер, есеист и добитник на бројни други одличја, Варгас Љоса беше награден и со Нобелова награда во 2010 година, кога беше опишан како „божествено надарен раскажувач“. Неговите описи на појавите авторитаризам, насилство и мачоизам, користејќи богат јазик и имагинација, го направија литературна ѕвезда во латиноамериканскиот свет.

Меѓу неговите најпознати дела се „Тетка Јулија и сценаристот“, „Смрт на Андите“, „Војна за крајот на светот“, „Време на хероите“, „Празникот на козата“.

Последните месеци се почесто се зборува за влошеното здравје на писателот, бидејќи тој се повлече од јавниот живот и за тоа време живееше во Лима.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

КОНЦЕРТИТЕ ВО СКОПЈЕ МИ СЕ ПРИЧИНА ЗА РАДОСТ ПО СИТЕ ЛОШИ ПРИВАТНИ НЕШТА КОИ МИ СЕ СЛУЧИЈА, ВЕЛИ ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ КОЈ СЛАВИ 50 ГОДИНИ КАРИЕРА

Следно

Советник на Белата куќа: Огромен напредок во преговорите за царини меѓу САД и ЕУ

Latest from Blog

ПАПАМОБИЛ, ДИПЛОМАТИЈА И 15.000 ЛУЃЕ ОД БЕЗБЕДНОСТА: Зад сцената на папската посета на Франција

Папамобил, претходница, протоколи за итна медицинска помош… Секое папско патување бара темелни подготовки – балансирање меѓу дипломатијата, политиката, верата и безбедноста, известува „Франс-прес“ (Agence France-Presse). Папата Лав XIV ќе престојува во Франција

Димитриеска-Кочоска на Светскиот економски форум во Њујорк: Економиите мора да се насочат кон долгорочен раст заснован на продуктивност

23 септември 2026 година, Њујорк – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска учествуваше на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, организирана во рамки на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“

(ВИДЕО) Трамп се фалеше, а Макрон остро возврати „ВРАЌАЊЕ НА ЗАКОНОТ НА ЏУНГЛАТА“

Францускиот претседател Емануел Макрон ги оспори тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека обезбедил мир во Појасот Газа, велејќи дека и покрај прогласениот мир во енклавата, не е повторно отворен никаков хуманитарен

Ердоган: ОН мора да го укинат правото на вето во Советот за безбедност

Во статијата тој наведува дека „трагедиите што светот ги виде во последните години, како што се пандемии, енергетски кризи, прекини во синџирот на снабдување и регионални конфликти, покажаа дека препуштањето на решавањето
Go toTop