Советничка од Кочани поднесе оставка: „Сите идеали на овој свет не вредат колку солзите на едно дете“

April 14, 2025
1 min read

Со солзи и со многу емоции се одржа денешната седница на Советот на Општина Кочани, во која требаше да се избере нов в.д. градоначалник на местото на Љупчо Папазов, кој е под истрага поради трагедијата во која загинаа 61 лице.

Советничката Кристина Атанасова – Арсова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се обрати и поднесе оставка од функцијата.

„Барам прошка, и им се извинувам на граѓаните кои дадоа глас за мене, не успеав да реализирам могу работи затоа што не беа приоритет за градоначалникот и раководството залетани од новите функции, се грижеа само за своите функции. Во оваа прилика сакам да ја доставам мојата оставка за советник до претседателот на Советот. Ова е страшно и недостојно, понижувачки за мене и за сите кои ме гласале. Во иднина ќе се посветам на моето дете кое е повредено и на сите повредени деца. Сите идеали на овој свет не вредат колку солзите на едно дете“, истакна советничката што предизвика напнатост на седницата и сите беа во солзи, по што советот направи пауза.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мандана пред велешката публика на фестивалот „5ре“ посветен на легендарниот Петре Прличко

Следно

Израелската армија на Цветници урна христијански споменик во Јужен Либан

Latest from Blog

Муцунски: Услови за уставни измени нема, Берсе оценува наредок од Бугарија за пресудите од Стразбур

Услови за уставни измени нема Причина за тоа е недостатокот на доверба, изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски без да прецизира на која држава се однесува недовребата и кој нема кредибилитет

Тошковски: Го одложуваме новиот Закон за внатрешни работи за СДСМ да остане и без последното алиби за изборниот дебакл што ги очекува

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа најави дека ќе предложи до пратениците во Собранието одложување на примената на новиот Закон за
Go toTop