Касами: И без Таравари, Вреди исто тежи – Таравари: Ги помешал бројките и равенките

April 13, 2025
1 min read

Според лидерот на Движење Беса, Биљал Касами, ВРЕДИ би тежела исто и без Таравари.

Во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) Касами рече дека е оптимист дека сè уште има реални шанси ВРЕДИ да продолжи обединета, бидејќи, како што рече, вредноста на секоја партија, дел од коалицијата е многу поголема како дел од ВРЕДИ. Најголем губитник според него би бил тој кој ќе излезе од ВРЕДИ, а спомена и една народна поговорка.

На прашањето за став околу ваквите зборови на Касами, лидерот на Алијанса за Албанците која официјално сè уште е дел од ВРЕДИ, Арбен Таравари, накратко одговори велејќи дека Касами ги помешал бројките и равенките.

„Лингвистички лапсус. Ги помешал бројките и равенките“, вели Таравари.

Таравари даде сличен одговор пред неколку дена, откако Касами рече дека ако замине, тогаш е нула бидејќи бил нула пред да влезе во коалицијата ВРЕДИ. На ова Таравари одговори дека мисли дека се работи за лингвистички лапсус, кога според него устата повеќе зборува отколку што процесира мозокот. “Мислам дека тоа не го мислеше со лоша намера или едноставно го погреши зборовниот редослед во реченицата. Мислам дека изјавата на г-дин Биљал Касами немаше лоша позадина“, заклучи шефот на АА.

Сите овие вербални пресметки меѓу партнерите во ВРЕДИ започнаа откако се отвори дебата за тоа како да учествуваат на локалните избори.  Сите претседатели сакаа да излезат со кандидати за градоначалник и заеднички листи за советници, освен Таравари кој сака да излезе со посебни листи за општински советници.

Пред два дена се сретнаа лидерите на ВРЕДИ, но без конечна одлука. Беким Ќоку како претставник на Самоопределување во рамките на оваа коалиција рече дека се уште се разговара за деталите и оти смета дека на локалните избори ВРЕДИ треба да излезе со листи и со заеднички кандидати.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пролетен микс: Сонце и дожд низ Македонија следната недела

Следно

Украина: Во рускиот напад со балистички ракети врз Суми загинаа 30 лица

Latest from Blog

„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

По досегашната програма исполнета со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ продолжуваат вечерва со нови настани во рамките на „Звуците на културата

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop