Јовановиќ: Голема филмска ѕвезда доаѓа на јубилејното издание на „Киненова“

April 11, 2025
1 min read

Директорот на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“, Небојша Јовановиќ, во интервју за МИА, говорејќи за претстојното десетто јубилејно издание на фестивалот, вели дека веќе имаат потврда за учество на голема светска филмска ѕвезда. Споделува дека  годинава главните случувања на „Киненова“ ќе се одвиваат во Скопје и во Охрид, а голем број други градови ќе имаат можност директно да ја следат програмата.

– Драго ми е што дојдовме до ова десетто издание. Ова е голем јубилеј за нас, бидејќи се работи за независен проект, кој што успеа да се позиционира силно и добро, не само на македонската сцена на фестивали, туку во регионот, но и во Европа. Фестивалот е препознаен, за што говори и поддршката од меѓународните фондови и институции, странските амбасади во нашата земја, големиот број на пријавени филмови од целиот свет, но и големото присуство на значајни европски и светски имиња на нашиот фестивал, вели Јовановиќ.

Тој во интервјуто потсетува дека самиот фестивал почна со гостување на големата, за жал веќе почината Мира Фурлан, која всушност беше и првиот лауреат, а потоа со текот на годините гостуваа многу познати светски ѕвезди.

– Десеттото издание на „Киненова“ ќе биде наша гордост. Веќе имаме потврда од една голема европска, светска филмска ѕвезда, дива, и она што ми претставува големо задоволство, е што фестивалот го поместуваме. Ќе се случува во Скопје, меѓутоа и низ цела Македонија. Голем број на градови ќе имаат можност директно да ја следат програма на „Киненова“, но главните случувања ќе се одвиваат во Охрид и Скопје, вели Јовановиќ.

Додава дека имаат значајна поддршка од градоначалникот на Охрид за организирање на настаните.

– На некој начин го подаруваме фестивалот не само на Скопје, туку и на градот Охрид, за што веќе имаме значајна поддршка од градот. Особено сум благодарен што градоначалникот на Охрид го препозна настанот, вели Јовановиќ.

Најавува дека програмата ќе изобилува со голем број филмови во различни програми, вклучувајќи ги и најзначајните регионални, како и филмови од екс-југословенските простори.

Инаку, од 30 март до 3 април во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода се одржа ревија на филмови од Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. Самата програма беше посветена на настраданите од трагичниот настан во Кочани, поточно целокупниот приход од влезниците на овој настан беше наменет за овие семејства.

„Киненова“, како што најавува Јовановиќ, ќе продолжи и во следниот период со организирање на вакви ревии.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Студентите од „Јустинијан Први“ повторно го издадоа стручното списание IPSLR по 15 години

Следно

Сончево време со мала до умерена облачност

Latest from Blog

Хорор во САД: Маж загина по излетување од ролекостер со брзина од 110 км/час- има и повредени (ВИДЕО)

Падот се случил на тобоганот Голијат, опишан како „хипертобоган“ бидејќи достигнува брзина до 110 км/ч и има висина од 60 метри, се наведува на веб-страницата Six Flegs, објави Хафингтон Пост. Сведоците рекоа

Николоски: Шест автопати се градат истовремено, потфат со кој ретко која земја може да се пофали

Македонија се наоѓа во период на интензивен инфраструктурен развој, со изградба на шест автопатски делници истовремено, инвестиции што треба значително да ја подобрат патната поврзаност во земјава и да дадат нов импулс

Проданоски: Прилеп е регионален лидер во циркуларната економија

Општина Прилеп е добитник на „Municipal Circular Leadership Award 2026“, признание за општинско лидерство во циркуларната економија. Според градоначалникот Дејан Проданоски, меѓународното жири го избрало Прилеп за најуспешен во оваа категорија на
Go toTop