Петар Богојески ги обедини партиите на Албанците

April 10, 2025
2 mins read

Именувањето на Петар Богојевски за раководител на Агенцијата за европски образовни фондови – институција што има за цел да ги приближува младите кон европските вредности, предизвика реакции во јавноста заради неговиот познат и редовен говор на омраза.

Се чини најгласни околу неговиот избор се партиите на Албанците кои се обединија околу согласноста дека именувањето на човек кој целата своја јавна и политичка кариера ја изгради со навреди и омаловажување кон Албанците.

За Демократската унија за интеграција (ДУИ), изборот на Богојески „претставува директна провокација не само за Албанците во Северна Македонија, туку и за самата европска идеја во земјава“.

Посебно иронично и трагично, наведуваат ид ДУИ, е тоа што „истиот овој поединец беше предмет на кривична пријава токму од партиите на Влен во Владата – а денес, со нивна поддршка, е награден со водечка функција“.

„Овој чин е јасен сигнал: навредите кон Албанците не само што не се санкционираат, туку и се наградуваат со државни позиции. Тоа претставува опасна порака дека секој што сака да гради политичка кариера, доволно е да ја понижува албанската заедница“, стои во реакцијата од Мала Речица.

Дополнително, укажува ДУИ, „доверувањето на управувањето со европски фондови на човек кој не само што упатувал навредливи пораки до Албанците, туку и до самата Европска унија и нејзините вредности, претставува понижување и за европските партнери и за даночните обврзници на ЕУ, кои ги финансираат овие програми“.

ДУИ повикува на итно повлекување на оваа срамна одлука и враќање на сериозноста во процесите што се однесуваат на европската интеграција, образованието и соживотот и смета дека Владата не смее да си дозволи да ја претвори државата во сцена за евтини провокации, на штета на соживотот и европската перспектива.

Од Коалицијата ВЛЕН изјавија дека имаат изграден став за провокациите на лицето Петар Богојевски, кој неретко лавира во ставовите во зависност од личните очекувања. Јавноста го памети од поддржувач на СЈО, реформатор на ВМРО-ДПМНЕ до македонски националист, ама на батерии.

Но ВЛЕН оваа своја реакција на Богоевски ја „покри“ со уште еден контранапад кон ДУИ и прашаа зошто партијата на Али Ахмети пред вака да се срами не го прашала Талат Џафери како Богојески бил државен советник во Министерството за одбрана и зошто на ДУИ не му пречеа неговите антиалбански ставови кога беа во официјална коалиција со Груевски и Мијалков?

Од Алијанса за Албанците, пак, со поостра реторика за изборот на Богојески. Тие истакнуваат дека „уште еден антиалбанец и антиевропски настроен е награден од нелегитимната влада на ВМРО-ВРЕДИ“.

„Со изборот на Петар Богојески за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, познат по своите повици и написи полни со омраза против Албанците, оваа владина одлука докажува дека сега во Северна Македонија можете да напредувате само ако сте против Албанците или албански вазал кој голта и легитимира проекти против својата нација“, сметаат од АА. Именувањето на Богоевски, истакнуваат од оваа партија е „целосна спротивност со моменталната европска ориентација на земјата и докажува дека Северна Македонија оди во поинаква насока од онаа што се градеше со децении и многу труд“.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Атанасова во Аргумент плус: Загуба на близок е најголема болка, на терен во Кочани и Штип работиме со родителите и блиските на жртвите

Следно

Предлог притвор за 35-годишник од Кондово: Во неговиот дом неовластено држел пиштол и се заканувал

Latest from Blog

Коњановски: Со амбасадорката Гетцова разговаравме за збратимување со чешки град

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со амбасадорката на Република Чешка во Македонија, Ирена Гетцова, на која разговарале за продлабочување на соработката во економијата и културата, како и за

Позитивен ден на Македонската берза: Раст кај Алкалоид, Макпетрол и Комерцијална банка

Македонската берза во раст: МБИ10 зголемен за 0,37 отсто, најголем промет со акциите на Алкалоид Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската

Божиновска: Чистата енергија и новите технологии во фокусот на лидерскиот дијалог во Брисел

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, добила покана да стане членка на Управувачкиот комитет на новата европска Мрежа на жени лидери во јавниот сектор за климатски прашања. Таа најави
Go toTop