Предлог притвор за 35-годишник од Кондово: Во неговиот дом неовластено држел пиштол и се заканувал

April 10, 2025
1 min read

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 3 и Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 35-годишник, во неговиот дом во Кондово неовластено држел огнено оружје – полуавтоматски пиштол „CRVENA ZASTAVA Mod.70“ калибар 7,65 мм, со две рамки и муниција – 24 куршуми.

Во периодот од февруари до 07.04.2025 година, преку апликацијата „WhatsApp“ осомничениот во неколку наврати сериозно се заканувал дека ќе нападне врз животот или телото на оштетено дете и врз животот и телото на таткото на детето.

Со цел да се пофали дека поседува огнено оружје, осомничениот најпрво во февруари на телефонскиот број кој во тој временски период го користело детето, испратил видео клип на кој се гледа како пука со автоматска пушка додека бил на некоја свадба. Детето тоа видео го зачувало на телефонот.

На 07.04.2025 година, кога детето веќе користело друг телефонски број, осомничениот, преку апликацијата му се јавил и му упатил сериозни закани дека ќе го убие него и неговиот татко, доколку ја објави снимката со автоматската пушка.

По неколку часа повторно му се јавил на детето и на висок тон продолжил со заканите, предизвикувајќи чувство на несигурност и страв кај него.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петар Богојески ги обедини партиите на Албанците

Следно

Иранскиот Фестивал на лалињата го претвори паркот Чамран во море на пролетни бои

Latest from Blog

Коњановски: Со амбасадорката Гетцова разговаравме за збратимување со чешки град

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со амбасадорката на Република Чешка во Македонија, Ирена Гетцова, на која разговарале за продлабочување на соработката во економијата и културата, како и за

Позитивен ден на Македонската берза: Раст кај Алкалоид, Макпетрол и Комерцијална банка

Македонската берза во раст: МБИ10 зголемен за 0,37 отсто, најголем промет со акциите на Алкалоид Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската

Божиновска: Чистата енергија и новите технологии во фокусот на лидерскиот дијалог во Брисел

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, добила покана да стане членка на Управувачкиот комитет на новата европска Мрежа на жени лидери во јавниот сектор за климатски прашања. Таа најави
Go toTop