Атанасова во Аргумент плус: Загуба на близок е најголема болка, на терен во Кочани и Штип работиме со родителите и блиските на жртвите

April 10, 2025
1 min read

Психологот од гимназијата „Јосип Броз Тито“, Кристина Атанасова во Аргумент плус рече дека на повикот на МОН во соработка со Комората на писхолози, УНИЦЕФ и Црвениот крст на Македонија, за психолошка поддршка на засегантите семејства од трагедијата во Кочани се пријавиле околу 100 психолози.

Според неа, тие секојдневно се на терен во Кочани и Штип и работат со сите кои имаат потреба од психолошка поддршка.

„На повикот на МОН, стануваше збор за повик инициран од Комората на психолози, УНИЦЕФ и Црвен крст. Тие орагнизара обука за пружење на психолошка помош во кризни ситауции, ние сме се соочиле со вакви трагедии но со трагедија од овој размер не. За прв пат се појави потреба да се реагира итно и да се пружи помош и поддршка. Се пријавивме околку 100 психолози. Обуката се случуваше до доцна навечер и тука се виде желбата на психолозите несебично да помогнат. Викендот ја поминавме обуката и веднаш излеговме на терен. Најголем дел од колегите се во Кочани, распределени во училиштата и градинките и работат со сите. Јас сум во Штип имаме канцеларија воЦентарот за младинско советување на УГД, но исто сме и на терен и во училиштата и градинките“, рече Атанасова.

Таа објасни и дека загубата на близок човек е најголемата болка за еден човек.

„Губењето на близок е психички најголема болка. Конкретно можам да кажам дека и родителите но и другари, пријатели се вклучени во работата со нас. Тука се соочуваме со моментот дека кога еден човек губи блиска личност како да губи дел од себе и треба да најде механизам како да функционира без тој битен дел. За да соработуваме со смејствата треба да има согласност и соработка  од нив. Прво треба да се прифати ситуацијата дека се случила па да се научи да се живее со тоа. Кај родителите има неколку фази. Првата фаза е фазата на шок која трае неколку дена, тоа е психолошки нормално кога не сме очекувале нешто а се случило. Потоа доаѓа фаза на негација и тоа е кога тие одбиваат да ја прифатат реалноста, се јавува лутина, бес, гнев себеобвинување и тоа го имаше и кај децата кои биле таму со кои разговаравме. Таа фаза е тешка, таа се надминува кога доаѓа фазата на тага, кога реалноста е прифатена, тагуваат, ние како психолози им овозможуваме да поминуваат низ таа болка, и последната фаза е кога првенстевно родителите се учат како да живеат со фактот дека нивното дете не е присутно и тука ние даваме прва психолошка помош, да го негуваме споменот, болката ќе постои но организмот ќе се научи да живее со тоа“, додаде Атанасова.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Има 40 години, но нема намера да запре, Роналдо потпишува нов двегодишен договор со Ал Наср

Следно

Петар Богојески ги обедини партиите на Албанците

Latest from Blog

Американците го фатиле клучниот учесник во нападот на нивниот комплекс во Бенгази (ВИДЕО)

Министерството за правда на САД објави апсење на клучна фигура во смртоносниот напад врз американски комплекс во Бенгази, Либија, во кој загинаа четворица Американци и со години длабоко ги подели САД. Зубајр

Ковачки: Продолжуваме обединети во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки се огласи на социјалните мрежи по неговиот избор на оваа партиска позиција. Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи

Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата

Хоџа: Државата и во 2026 со силна финансиска поддршка за националните паркови

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на работен состанок со директорите на националните паркови Пелистер, Маврово, Галичица и Шар Планина, ја потврди силната и континуирана поддршка на Министерството за

Автомобил удри во супермаркет во Лос Анџелес- најамалку тројца загинати, возач била 92 годишна баба (ВИДЕО)

Се вели дека жената зад воланот имала 92 години. Несреќата се случила кратко по пладне по локално време на „Ранч Маркет“ број 99 на булеварот Вествуд, кога возилото се удрило во зградата,
Go toTop