Во Истанбул американско-руски преговори

April 10, 2025
1 min read

Делегациите на САД и Русија пристигнаа во Истанбул на разговори со цел нормализирање на работата на нивните дипломатски претставништва. Новинарите снимија neколку возила кaко влегуваат во зградата на рускиот конзулат во центарот на Истанбул.

Според руското Министерство за надворешни работи, разговорите ќе ги водат новиот руски амбасадор во Вашингтон Александар Дарчиев и заменик-помошникот државен секретар Соната Култер. Примарната цел, според Русија и САД, е да се обнови функционирањето на нивните дипломатски претставништва. И американскиот Стејт департмент објави дека американските и руските делегации ќе се сретнат во Истанбул за да разговараат само за функционирањето на нивните дипломатски претставништва.

– Украина апсолутно не е на агендата. Овие разговори се фокусирани исклучиво на операциите на амбасадата. Нормализирањето на пошироките билатерални односи може да се случи, како што јасно кажавме, само штом ќе има мир меѓу Русија и Украина. – Тами Брус, портпаролката на американскиот Стејт департмент.

Во Украина пак Русија изврши напади со беспилотни летала врз украинскиот главен град Киев и Миколаев на југот на земјата. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Русија започнала нова пролетна офанзива, обидувајќи се да ја пробие украинската одбрана во регионите Харков и Суми.

По заробувањето на двајца кинези, украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека 155 кинески државјани се борат на страната на Русија во војната против Украина. Украинските сили прикажаа и видео како нивните тенковите ги пробиваат руските одбранбени линии од таканаречени „змејски заби“ и навлегуваат во рускиот регион Белгород.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реакции на советници во битолскиот совет: Комунално претпријатие должи милион евра, а склучува договор од 60 илјади евра за храна за кучиња

Следно

Инвеститорот урна ѕид од станбена зграда, од Општина Ѓорче Петров, велат дека инспекторите утре ќе направат увид

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop