Карева Талеска во 24 анализа: Антиродовите движења сакаат да докажат дека препознавањето на ЛГБТИ заедницата ќе ги натера младите да станат дел од неа

April 9, 2025
1 min read

Тона Карева Талеска од Хелсиншки комитет за човекови права во 24 анализа рече дека за предлог измените на законот за основно образование не бил консултиран никој засегнат. Според неа, антиродовите движења во Македонија се трудат да докажат дека препознавањето на ЛГБТИ заедницата ќе ги натера младите да станат дел од неа.

„Образложението кое стои во предлог измните е дека е усогласување со Уставот што е апсурдно бидејќи Законот за спречување и заштита од дискриминација е усогласен со Уставот и со сите конвенции и тоа е квалитетен закон кој е донесен во транспарентна постапка во кој беа вклучени сите засеегнати страни. Интенцијата е јасна, а тоа е да се правиме дека не постои одредена група на луѓе, ЛГБТИ луѓето, тоа е поразително за сите. Не се бришат само основите за дискриминација, туку и родовата еднаквост и информациите за сексуално здравје кои се важни. Со овие измени не беше консултиран никој, немам информации дали се консултирале со мон“, рече Карева Талеска.

Таа објасни дека антиродовите движења во Македонија се трудат да докажат дека препознавањето на ЛГБТИ заедницата ќе ги натера младите да станат дел од неа.

„Ова кај нас е нешто кое е резултат на сите антиродови движења кои се трудат да докажат дека со препознавањето на ЛГБТИ занедницата и препознавањето на сексуланта ориентација ќе ги натераат младите да станат дел од ЛГБТИ, тие активно работат и на напади на активисти. Сето ова на Владата и дојде како добар аргумент и очигледно е дека тоа и се целите на ова Влада“, додаде Карева Талеска.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Табило: Бев подготвен на тоа Ѓоковиќ да дојде за да ме убие!

Следно

Гаши – Клакочар Зупанчич: Словенија останува силен поддржувач на Северна Македонија на нејзиниот евроинтеграциски пат

Latest from Blog

Мечот Франција – Ирак е прекинат!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Поради лошите временски услови, силен дожд и грмотевици, мечот во Филаделфија е прекинат на најмалку половина час и тоа непосредно пред да почне второто полувреме. Сепак останува да видиме дали и

Трамп: „Ќе се согласат на сè…“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал
Go toTop