ГЕРМАНСКИОТ РЕЖИСЕР ВЕРНЕР ХЕРЦОГ ЌЕ ДОБИЕ ЗЛАТЕН ЛАВ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ВО ВЕНЕЦИЈА

April 9, 2025
1 min read

Германскиот режисер Вернер Херцог ќе добие Златен лав за животно дело на 82. Венецискиот филмски фестивал, соопштија организаторите на Фестивалот. Херцог изјави дека е „длабоко почестен“ од признанието.

„Отсекогаш се трудев да бидам добар војник на филмската уметност, и оваа награда ја чувствувам како орден за мојата работа. Ви благодарам“, изјави режисерот.

Директорот на Фестивалот, Алберто Барбера, рече дека Херцог е иноватор на Новиот германски филм, како автор на филмовите „Знаци на животот“, „Вампирот Носферату “, „Агире, Бог на гневот“, „Фицкаралдо“, „Лошиот поручник: Станица Њу орлеанс“, „Човекот Гризли“. Барбера го нарече Херцог „брилијантен раскажувач на необични приказни и последен наследник на големата традиција на германскиот романтизам“.

82-годишниот Херцог има добиено бројни награди. Вели дека го снима својот следен долгометражен филм „Бакинг Фастард“ во Ирска, работи на развој на анимиран филм заснован на неговиот роман „Светот на самракот“ и го позајмува гласот за суштество во претстојниот анимиран филм на Бонг Јон-хо. Неодамна во Африка заврши со снимањето  на документарниот филм „Слонови духови “.

„Сè уште не сум готов“, рече Херцог.

Венецискиот филмски фестивал ќе се одржи од  27 август до 6 септември.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кривична пријава за тројца Чеси – нелегално копале културни добра во Мариово

Следно

Пожар на плац за стари возила кај Психијатриската болница во Бардовци

Latest from Blog

Мистериозна ЖЕНА ВО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат

Бетис му покажа на Хетафе кој е кој!

ФОТО: Real Betis Balompié/FB Одличен Бетис и убедлив триумф со 4:0 вечерва на свој терен против Хетафе во меч од 17.коло во Ла Лига. Бетис со оваа победа сега има 28 бода

Левандовски влезе во КЛУБОТ 500! (ФОТО)

Фото: ФЦ Барселона/Твитер Уште еден доказ дека станува збор за еден од најдобрите напаѓачи во светот во последните 15 годиини. Имено напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, го запиша својот 500-ти натпревар во

Откажани се вкупно 20 летови: Најнови информации од Скопскиот аеродром, важна вест за патниците

Од 00:00 часот на полноќ до 20 часот, денеска 21 декември 2025 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, состојбата со авиосообраќајот е следна: -Слетаа 13 авиони, од:

Џенифер Лоренс јавно го „чепна“ заводникот Леонардо Дикаприо: „Изгледаш одлично со…“

Убавата актерка Џенифер Лоренс предизвика големо внимание во јавноста поради верувањето дека суптилно јавно го критикувала својот колега Леонардо Дикаприо за неговиот љубовен живот, односно партнерките кои ги избира. Двајцата биле гости
Go toTop