Приведен возачот кој со мопед удрил дете и избегал

April 4, 2025
1 min read

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера е пронајден и приведен возачот кој во средата со мопед удрил дете на улица во општина Бутел и  потоа избегал и дека ќе му биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

Настанот се случил  на 2 април во 14.05 часот на крстосница од ул.„Ферид Бајрам” и ул.„Алпи” во Скопје кога мопед удрил осумгодишно дете и возачот го напуштил местото на настанот, а на детето му се констатирани телесни повреди во ГОБ „Св. Наум Охридски”.

МВР соопшти дека по преземени мерки, полициски службеници од СВР Скопје го пронашле возачот. Се работи за 63-годишник од Скопје, со иницијали Ч.Т., против кого, по брза постапка, ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на безбедноста на сообраќајот, за безобѕирно возење и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода. 

-Во врска со видеото кое беше објавено на социјалните мрежи на кое се гледа мопед како удира дете и го напушта местото на настанот, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се преземени соодветни мерки и активности и возачот е пронајден и против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка, наведува МВР во соопштението.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Италијанскиот опозициски лидер бара целосно ембарго на оружје за Израел

Следно

Ен-Би-Си Њуз: Тимот на Трамп го советуваше да не разговара со Путин додека тој не се согласи на целосен прекин на огнот во Украина

Latest from Blog

Премиерот замина на одмор

Премиерот, Христијан Мицкоски, замина на најавуваната екскурзија во Белгија, за која самиот рече дека ќе ја помине со четири дена престој во Бриж и четири во Брисел. Но од Владата за Телма

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе
Go toTop