Средба Мицкоски – Филипче

April 3, 2025
1 min read

Средба во владата меѓу премиерот Мицкоски и лидерот на СДСМ Филипче. Изјава даде само Филипче кој вели дека со премиерот имале добар и конструктивен разговор и дека начелно договориле формирање на заеднички тела и комисии за работа на реформската агенда.

Во соопштението од владата се вели дека Мицкоски ја посочил потребата од мобилизација на сите напредни поединци и структури кои можат да дадат придонес на патот за развој на земјата и побарал од Филипче да биде конструктивен фактор во определбата за промени.

– Беше истакната потребата да се работи на заедничката иднина за граѓаните, како и да се работи на консензус меѓу различните страни за клучните прашања за државата и добробит на сите граѓани. Во тој контекст неопходно е да се мобилизираат сите напредни поединци и структури кои можат да дадат придонес на патот за развој на земјата. Македонските државни интереси треба да бидат појдовната точка во разговорите за секое прашање.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба Фидан – Рубио во Брисел

Следно

УЖАС: Седум загинати, меѓу кои и три деца во несреќа кај островот Лезбос (ВИДЕО)

Latest from Blog

Коњановски во „Cosmic Development“: Битола има млади луѓе кои успешно градат кариера во ИТ секторот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја посети компанијата „Cosmic Development“, каде што оствари средба со раководниот тим и дел од вработените. Коњановски по посетата истакна дека бил пријатно изненаден од посветеноста на

Николоски на средба со европратеници: Европската интеграција останува стратешки приоритет

Европската интеграција на Македонија, реформскиот процес и чекорите што претстојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија биле во фокусот на денешната работна средба на вицепремиерот и министер за транспорт и
Go toTop