УЖАС: Седум загинати, меѓу кои и три деца во несреќа кај островот Лезбос (ВИДЕО)

April 3, 2025
1 min read

Три деца, три жени и еден маж загинаа во близина на грчкиот остров Лезбос кога петметарскиот гумен чамец на кој, според преживеаните се пренесувало 31 лице, почнал да се полни со вода, а Крајбрежната служба на Грција спаси 23 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Крајбрежната служба попладнево соопштија дека во раните утрински часови патролен брод при редовна патрола северно од Лезбос, го забележал чамецот што потонал да се полни со вода, а повеќето од патниците биле во морето и веднаш започнала спасувачка акција во која била спасени 11 деца, осум мажи и четири жени.

Во спасувачката акција во вода, на копно и од воздух, вклучени биле три патролни бродови, еден брод што плови во близина, четири возила, хеликоптер на военото воздухопловство како и возила и бродови на Фронтекс, но и приватни чамци и нуркач.

Од морето биле извлечени седумте безживотни тела, а акцијата продолжува, со оглед на тоа што веројатно еден од патниците е исчезнат, доколку се точни тврдењата на преживеаните дека во чамецот имало 31 лице.

Спасените биле пренесени, првично на пристаниште, а оттаму во прифатниот центар за бегалци и мигранти на Лезбос, додека во прелиминарната истрага 20-годишен бил посочен како криумчар од преживеаните и е уапсен.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба Мицкоски – Филипче

Следно

Паметник на Пониква и Спомен-парк во Кочани за жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“

Latest from Blog

Премиерот замина на одмор

Премиерот, Христијан Мицкоски, замина на најавуваната екскурзија во Белгија, за која самиот рече дека ќе ја помине со четири дена престој во Бриж и четири во Брисел. Но од Владата за Телма

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе
Go toTop