Рубио: САД остануваат во НАТО, но Алијансата мора да биде посилна

April 3, 2025
1 min read

САД остануваат во НАТО, Трамп не е против НАТО, порача американскиот државен секретар Марко Рубио, од седиштето на Воената Алијанса во Брисел.

На стартот на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи, Рубио порача дека САД се активни во НАТО, а како што кажа-  хистеријата во медиумите, вклучително и во САД, е неоправдана. Рубио, порача дека очекува да го напушти Брисел со јасна определба од сојузниците да потрошат 5 отсто од својот БДП за одбрана – што е зголемување од сегашните 2 отсто, кои некои европски земји се уште не ги исполнуваат.  

– Трамп не е против НАТО, туку е против НАТО, кој ги нема неопходните капацитети за целосно да ги исполни обврските кои Договорот ги наметнува на секоја земја- членка. Никој не очекува да бидете способни да го направите за година или две, но патеката мора да биде реална. Тоа е суровата вистина и мора да се каже сега. – Марко Рубио државен секретар на САД.

Генералниот секретар Марк Руте, порача дека европските членки на Алијансата се обврзаа на најголемото зголемување на трошоците за одбрана од крајот на Студената војна, но се согласи и со САД, дека мора да се направи повеќе. Пред стартот на состанокот, Руте испрати порака дека Алијансата работи и на безбедноста на Западен Балкан. 

– Јас бев во Сараево, во Приштина, неодамна дискутирав на телефон и тука во Брисел со српскиот претседател Вучиќ. Ние навистина сме ангажирани како НАТО, да се осигуриме дека Западен Балкан ќе остане стабилен и безбеден. Заедно со нашите 5 сојузници – Црна Гора, Северна Македонија, Словенија, Хрватска и Албанија, колективно го управуваме Западен Балкан за да остане безбеден. – Марк Руте генерален секретар на НАТО.

На прашање до генералниот секретар – зошто на дводневниот состанок во Брисел, не е ставено и прашањето околу американските закани кон Гренланд, Руте изјави дека за островот би можело да се говори во една поширока дебата.

И додека министрите на 32 членки, два дена ќе дебатираат зад затворени врати, Бриселски Политико, оцени дека иако има насмевки пред камерите, зад сцената се подготвува бура.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Водата во Крива река е сериозно загадена, последните анализи покажуваат дека сите параметри се неколку пати над дозволеното

Следно

Талески: Тошковски да не држи политички говори туку да си поднесе оставка, трагедијата во Кочани е огромна

Latest from Blog

Ветер во грбот на Путин, ЕДИНСТВЕНА РУСИЈА освои 349 мандати

Централната изборна комисија (ЦИК) на Русија ги соопшти конечните резултати од изборите за Државната дума од деветтиот сазив, на кои гласале повеќе од 59,8 отсто од избирачите, односно 67.448.094 граѓани, јавуваат руските

Коњановски во „Cosmic Development“: Битола има млади луѓе кои успешно градат кариера во ИТ секторот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја посети компанијата „Cosmic Development“, каде што оствари средба со раководниот тим и дел од вработените. Коњановски по посетата истакна дека бил пријатно изненаден од посветеноста на
Go toTop