Талески: Тошковски да не држи политички говори туку да си поднесе оставка, трагедијата во Кочани е огромна

April 3, 2025
1 min read

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, го повика министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, да си поднесе оставка, откако тоа не го направи на 16 март, по трагедијата во Кочани. На седницата посветена на собраниски прашања, Талески, иако постави конкретни прашања за трагедијата во Кочани за сите институционални и системски пропусти на МВР, министерот Тошковски избегна да даде конкретни одговори.

„Министре Тошковски, 15 месеци сте министер за внатрешни работи и уште не знаете каде се наоѓате и која функција ја извршувате. Овде, во ова Собрание, сте избрани да одговарате на прашања, а не да поставувате прашања. Избегнавте да дадете одговор на сите прашања што ви ги поставивме. Според Законот за јавни собири, сте имале обврска да постапите според фактите што ви ги споменав. Ако не сте постапиле и ве боли, тоа е ваш проблем“, рече пратеникот Талевски.

Тој потенцираше дека граѓаните бараат одговори на прашања, а не да ги слушаат неговите политички памфлети.

„Вака може да се однесувате во Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, но овде сте должни да одговорите пред граѓаните. Имавте шанса на 16 март вечерта да поднесете неотповиклива оставка, но бидејќи тоа не го направивте, еве сега имате можност тука, пред македонското Собрание и пратениците што ве избраа, и пред претседателот на Владата што ве предложи, да си поднесете неотповиклива оставка, од морални причини, поради пропусти но и затоа што не дадовте никакви одговори за фактите што ви ги дадовме во Собранието, поврзани со трагедијата во Кочани“, рече Талески.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рубио: САД остануваат во НАТО, но Алијансата мора да биде посилна

Следно

Михаел Кирш назначен за извршен директор на Porsche за Централна и Источна Европа, додека Ирина Каук ја презема одговорноста за Европскиот регион

Latest from Blog

Ветер во грбот на Путин, ЕДИНСТВЕНА РУСИЈА освои 349 мандати

Централната изборна комисија (ЦИК) на Русија ги соопшти конечните резултати од изборите за Државната дума од деветтиот сазив, на кои гласале повеќе од 59,8 отсто од избирачите, односно 67.448.094 граѓани, јавуваат руските

Коњановски во „Cosmic Development“: Битола има млади луѓе кои успешно градат кариера во ИТ секторот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја посети компанијата „Cosmic Development“, каде што оствари средба со раководниот тим и дел од вработените. Коњановски по посетата истакна дека бил пријатно изненаден од посветеноста на
Go toTop