Седуммина загинати во несреќа со мигранти во близина на Лезбос

April 3, 2025
1 min read

Безживотните тела на уште три лица биле извлечени од морскиот дел северно од грчкиот остров Лезбос, со што бројот на загинати откако чамец со бегалци и мигранти се преврте, се зголеми на седум, а спасени се 23 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Крјабрежната служба информираа дека од рано утрово во тек е спасувачката акција во вода, на копно и од воздух, вклучени се три патролни бродови, еден брод што плови во близина, четири возила и хеликоптер на военото воздухопловство.

Спасени се 23 бегалци и мигранти, првично беа извлечени четири безживотни тела, а подоцна уште три, додека акцијата продолжува за пронаоѓање на исчезнати.

Според грчките медиуми во чамецот имало 31 лице.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Србија е меѓу државите за кои САД воведоа највисоки царини

Следно

Митовски: Крива Река е токсична, според ИЈЗ сите параметри се неколку пати над дозволеното

Latest from Blog

Јаневска: Исполнети се сите досегашни цели од Реформската агенда во образованието

Сите досегашни цели од Реформската агенда во делот на образованието и науката се исполнети, за што во државниот буџет ќе бидат вратени 19,2 милиони евра, истакна министерката за образование и наука Весна

Божиновска: По форумот во Скопје, заеднички фокус со УНЕЦЕ на женското лидерство во енергетиката

Проширувањето на Мрежата на жени во енергетската дипломатија и продолжувањето на иницијативите од првиот Форум за енергетска дипломатија во Скопје беа теми на работната средба на министерката за енергетика, рударство и минерални
Go toTop