Со сведочење на обвинетиот Влатко Кешишев продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

April 2, 2025
1 min read

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска од 10 часот во Основниот кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Влатко Кешишев. На минатото рочиште  беше сослушуван обвинетиот Боре Видевски кој ги негираше исказите дадени од Обвинителството посочувајќи дека нема никаква поврзаност со убиствата на Вања и Панче.

Претходно, беше сослушан обвинетиот Велибор Манев кој во детали ги образложи грабнувањета на Вања и Панче, при што посочи дека координатор и извршител на убиствата бил обвинетиот Љупчо Палевски. Тој нагласи дека после убиството на Панче, продолжил со грабнувањето на Вања поради страв и закани од Палевски кон него и неговото семејство.

Манев потенцираше дека сметале оти треба да грабнат жена на 38-40 години и дека се обиделе да го предомислат Палевски откако виделе дека грабнале дете. Воедно, кажа дека за грабнувањата им биле ветени по 150 илјади евра.Тој тврдеше дека таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, не е вмешан во случајот. 

И Манев, како и Видевски, посочија дека биле изложени на тортура при нивните распити во полицијата.

Според најавеното, по сослушувањето на Кешишев, треба да сведочат таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и Љупчо Палевски.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реал прв финалист во шпанскиот куп

Следно

Ревооружувањето на Европа и поддршката за Украина главни теми на неформалната средба на министрите за одбрана на ЕУ

Latest from Blog

Николоски: Градежништвото бележи историски раст од речиси 22 проценти

Во второто тромесечје од 2026 година градежништвото бележи раст од речиси 22 % споредено со истиот период минатата година. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање, истакна

Проданоски: „Старо Бонче“ заслужува да биде меѓу најзначајните археолошки локалитети во Македонија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, го посети археолошкиот комплекс „Старо Бонче“, каде во изминатите десетина дена интензивно се реализираат систематски археолошки истражувања. Проданоски се запознал со текот на истражувањата и досегашните

Израелски министер: Единствено решение е иселувањето на Палестинците од Газа

Додека Бен-Гвир тврди дека станува збор за промовирање на доброволно егзодус, претходно објавениот план предвидуваше присилно раселување на милиони Палестинци, пренесува Анадолу. Детали за објавата Во објава на социјалната мрежа X, Бен-Гвир
Go toTop