Ревооружувањето на Европа и поддршката за Украина главни теми на неформалната средба на министрите за одбрана на ЕУ

April 2, 2025
1 min read

Плановите за повторно вооружување и зајакнување на одбраната на Европа и улогата на ЕУ во постигнувањето праведен мир во војната во Украина ќе бидат главни теми на неформалниот Совет за надворешни работи на Унијата на ниво на министри за одбрана, што денеска и утре ќе се одржи во Варшава. 

Според најавите на Полското претседателство со ЕУ, министрите за одбрана на земјите членки на Унијата ќе разменат мислење за плановите на Европската комисија за повторното вооружување на Европа и зајакнување на нејзината одбранбена индустрија во услови на сегашната безбедносна ситуација. 

Министрите, исто така, ќе разговараат и за континуираната поддршка за Украина и за тоа каква може да улога има Европската Унија во обезбедувањето праведен и траен мир, како и за пошироката геополитичка ситуација и конфликтите на Блискиот Исток. 

Со неформалниот Совет за надворешни работи ќе претседаваат високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас и полскиот вицепремиер и министер за национална одбрана Владислав Косињак-Камиш. 

Според дневниот ред, Советот ќе започне попладнево со презентација на Белата книга за иднината на европската одбрана од страна на еврокомесарот за одбрана и Вселената, Андриус Кубулиус, по што ќе се одржат два панели посветени на развој и на финансирањето на одбранбената способност на ЕУ. 

Советот ќе продолжи утре претпладне со дебата за воената поддршка на ЕУ за Украина, по што ќе следи работен ручек на кој министрите ќе разменат мислење на предлозите во Белата книга за европската одбрана. 

Неформалните Совети се заседанија на претставници на земјите членки на ЕУ на кои не се носат никакви одлуки, туку само се дебатира и се разменуваат мислење за одредени прашања.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со сведочење на обвинетиот Влатко Кешишев продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Следно

Убиен полициски началник во Косово

Latest from Blog

Ливерпул доведе млад и талентиран французин

Досегашниот играч на екипата на Сент Етјен, Џилијан Нгесан е нов член на екипата на Ливерпул. Офанзивецот има 18. години и следните неколку месеци ќе ги мине како позајмен фудбалер во тимот

Божиновска од SEEF2026 во Солун: Регионалната поврзаност и инвестициите се клучни за енергетската безбедност

Министерката Божиновска: Регионалната поврзаност, инвестициите и трансатлантската соработка се клучни за енергетската безбедност и конкурентност Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува и се обрати на 10. Southeast Europe

Проданоски: Прилеп е пример за успешно селектирање и управување со отпадот

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира дека денеска во Прилеп биле одржани средби со претставници од општините Ѓорче Петров, Гази Баба, Илинден и Струмица, кои во рамки на студиска посета на
Go toTop