На 9 март продолжуваат преговорите со Финска и Шведска за нивниот влез во НАТО, најави Турција

February 27, 2023
1 min read

Кон крајот на јануари Турција ги прекина преговорите со двете земји и го одложи трипартитниот состанок предвиден за февруари, по неколкуте демонстрации против Турција и исламот во кои лидерот на данската екстремно десничарска политичка партија Расмус Палудан запали копија од Куранот пред турската амбасада во Стокхолм

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу најави дека разговорите со Шведска и Финска за нивната кандидатура за членство во НАТО ќе продолжат на 9 март.

Кон крајот на јануари Турција ги прекина преговорите со двете земји и го одложи трипартитниот состанок предвиден за февруари, по неколкуте демонстрации против Турција и исламот во кои лидерот на данската екстремно десничарска политичка партија Расмус Палудан запали копија од Куранот пред турската амбасада во Стокхолм.

„Моите колеги ќе присуствуваат на состанокот што ќе се одржи на 9 март“,

рече Чавушоглу на прес-конференција во Анкара, додавајќи дека средбата ќе се одржи во Брисел.

Чавушоглу додаде дека Шведска сè уште не ги исполнува своите обврски од меморандумот потпишан на самитот на НАТО во Мадрид минатиот јуни, иако генералниот секретар на НАТО и другите сојузници рекоа дека Стокхолм ги променил своите закони.

„За жал, не видовме задоволителни чекори од страна на Шведска во спроведувањето на Мадридскиот меморандум. Не е можно да кажеме ‘да’ на шведската кандидатура за НАТО пред да ги видиме овие чекори“,

рече Чавушоглу. 

Шведска и Финска аплицираа за влез во НАТО минатата година откако Русија ја нападна Украина, но особено Шведска се соочи со неочекувани приговори од Турција.

Анкара го обвинува Стокхолм дека засолнува, како што вели, членови на терористички групи и бара нивна екстрадиција како чекор кон давање зелено светло на Шведска за членство во НАТО.

САД и другите земји од НАТО се надеваат дека двете нордиски земји ќе станат членки на Алијансата на самитот на НАТО на 11 јули во Вилнус, главниот град на Литванија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шахтите во Карпош ќе се чистат од глодари

Следно

Детали за денешниот земјотрес во Турција

Latest from Blog

Akuo, Eco Logic и Универзитетот „Гоце Делчев“ започнуваат пилот-проект за одржливост во образованието

Штип, 24.04.2026 – Akuo, глобален производител на обновлива енергија, во партнерство со Eco Logic, невладина организација посветена на промоција на еколошките вредности преку образование, и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце

Трамп објави продолжување на примирјето меѓу Либан и Израел за три недели

Одлуката за продолжување на „примирјето“ меѓу Израел и милитантната група Хезболах во Либан беше донесена за време на состанокот одржан во Белата куќа од страна на израелскиот и либанскиот амбасадор во САД.

Рускоска: „Пулс“ е правно промашен предмет – долготраен процес и неизвесна правда

Поранешната обвинителка Вилма Рускоска, во гостувањето во „Ноќно студио“ на 4ТВ, упати остри критики кон обвинителскиот тим кој застапува еден од најмасовните предмети во последно време – случајот „Пулс“. Со 33 обвинети

Рускоска: Правната квалификација за „Пулс“ е промашена – апсурдно е Министер од 2012 да одговара за трагедија во 2025

Поранешната обвинителка Вилма Рускоска упати сериозни критики за начинот на кој е поставен еден од најголемите судски процеси во последно време – случајот „Пулс“, оценувајќи дека правната квалификација е целосно промашена и
Go toTop