Рубио го потврди де факто распуштањето на УСАИД

March 29, 2025
1 min read

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го потврди де факто распуштањето на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) како дел од драстичното намалување на американската странска помош, одлука која е критикувана во многу земји и од голем број хуманитарни организации.

– Стејт департментот и УСАИД го известија Конгресот за нивната намера да преземат реорганизација, што ќе вклучи префрлање на одредени функции од УСАИД на Стејт департментот до 1 јули 2025 година и елиминирање на другите функции на УСАИД, кои не се усогласени со приоритетите на администрацијата, изјави државниот секретар Марко Рубио.

Според него „УСАИД одамна се оддалечи од својата првична мисија“ и побара преориентација на програмите за странска помош.

– Продолжуваме да спроведуваме критични програми за спасување животи и да правиме стратешки инвестиции, кои ги зајакнуваат нашите партнери и нашата сопствена земја, нагласи Рубио.

Американскиот претседател Доналд Трамп, веднаш по преземањето на функцијата на 20 јануари, потпиша извршна наредба со која се замрзнува американската странска помош на 90 дена. Голем број вработени во УСАИД веќе се отпуштени. Замрзнувањето на странската помош предизвика шок и бес во УСАИД, формирана со акт на Конгресот на САД во 1961 година. Годишниот буџет на УСАИД изнесуваше 42,8 милијарди американски долари, што претставува 42 отсто од хуманитарната помош обезбедена ширум светот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почнува летниот ред на летање, 54 редовни дестинации, чартер од Манчестер, Анталија, Хургада…

Следно

Писарев: Ќе останеме без вода за пиење ако продолжиме да ги загадуваме реките

Latest from Blog

Фенербахче во Истанбул шокиран во 90 минута, Борусија Дормтунд победнички на гостински терен

Третото коло во Лига на шампиони започна со два меча кои завршија со многу погодоци на двете страни. Фенербахче пред своите навивачи одигра нерешено 2:2 против над Славија Прага, во меч на

Над 15 милиони денари промет на Берзата: Најмногу се тргуваше со Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 20.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.869,50 поени. Во однос

Неочекуван потег на Венс: Одбива да му даде поддршка на кандидатот претпочитан од Трамп

„Јас ги поддржувам американските кандидати, а во моментов сум фокусиран на изборите во средината на мандатот. Нема да се мешам во израелските избори“, изјави Венс во интервју за новинарот Марк Халперин, додека
Go toTop