Мурињо: Нема недопирливи во Реал Мадрид, сè зависи од настапите на теренот

October 20, 2026
1 min read

Реал Мадрид го очекува важна недела во која прво ќе се соочи со Лајпциг во Лигата на шампионите, а потоа ќе гостува кај Барселона на „Камп Ноу“. Тренерот Жозе Мурињо е задоволен од досегашниот напредок на тимот и верува дека Кралевите се движат во вистинската насока, иако признава дека има уште многу простор за подобрување.

На прес-конференцијата пред дуелот со германскиот тим, португалскиот стратег зборуваше за амбициите во Лигата на шампионите, конкуренцијата во составот и улогата на Винисиус јуниор.

„Лајпциг е одличен тим. Ние победивме на три натпревари во краток период, а на последниот одигравме навистина добро. Тоа беше многу силен настап и мораме да продолжиме во истиот ритам“, изјави Мурињо.

Тој беше прашан и дали ќе им дозволи на своите фудбалери да разговараат со судијата и да бараат проверка на спорните ситуации.

„Утре ќе ни суди Иштван Ковач, човек со кого нема шега. Тој е судија од исклучително висок квалитет и среќен сум што ќе имаме таков арбитар на важен натпревар“, одговори тренерот на Реал.

Мурињо смета дека е рано да се зборува за Реал како фаворит за освојување на Лигата на шампионите. Првата цел е пласман во следната фаза, а потоа обезбедување место меѓу најдобрите осум екипи, со што би се избегнал плејофот.

„Сè уште е рано. Прво сакаме да се квалификуваме, а потоа ќе ја поставиме следната цел – да го избегнеме плејофот. Мислам дека за тоа ќе бидат потребни многу бодови. Најпрво треба да стигнеме до 11 или 12, а потоа да освоиме доволно за место во топ 8“, објасни Португалецот.

Тој ги пофали и професионалните навики на своите фудбалери, посебно Џуд Белингам, кој посветува големо внимание на опоравувањето и физичката подготовка, како и Диоманде, кој редовно работи со физиотерапевт.

Една од темите беше и статусот на Винисиус јуниор, за кого Мурињо јасно порача дека нема гарантирано место во стартниот состав.

„Нема недопирливи играчи. Не ми се допаѓа таа идеја дека некој е недопирлив. Тоа што го прави еден фудбалер недопирлив се неговите настапи на теренот“, истакна тренерот.

Мурињо призна дека Реал сè уште не е на нивото што го посакува, но нагласи дека е потребно време за да се спроведат неговите идеи.

„Тука сме три-четири месеци и невозможно е веќе да бидеме онаму каде што сакаме. Секогаш мораме да напредуваме, индивидуално и колективно. Знам какви се максималните барања на овој клуб и свесен сум дека има многу работа. Јас сум тврдоглав тренер – кога имам идеја, постојано размислувам за неа, но секогаш сум подготвен да ги анализирам работите. Мораме да продолжиме да работиме“, рече тој.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија

Следно

Неочекуван потег на Венс: Одбива да му даде поддршка на кандидатот претпочитан од Трамп

Latest from Blog

Скопје во центарот на регионалната енергетска соработка – прв форум посветен на зелената транзиција и жените во енергетиката

На 25 ноември 2026 година, Скопје ќе биде во центарот на регионалниот дијалог за иднината на енергетиката. Во хотелот „Александар Палас“ ќе се одржи Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори и

Струјата во Македонија речиси 60 отсто поевтина од европскиот просек: Еве колку плаќаат граѓаните во ЕУ

Македонија има една од најниските цени на електричната енергија за домаќинствата во Европа, покажуваат најновите податоци за првата половина од 2026 година. Според анализата објавена од „Еуроњуз“, електричната енергија во Македонија е

Николоски: До крајот на мај автопатот Кичево – Охрид ќе биде целосно пуштен во употреба

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива со одлична динамика. Силно сме посветени заедно со изведувачот и надзорот и согласно зададениот рок ќе го завршиме целосно, изјави заменик претседателот на Владата и министер

„Булмак 2016“ со нова мерка за работниците: Дополнителни 5.000 денари за редовност на работа

Компанијата „Булмак 2016“, која успешно стопанисува со рудниците Злетово и Тораница, продолжува континуирано да ги унапредува условите за работа на своите вработени. Како еден од најзначајните економски двигатели во источниот дел на

Коњановски: Силниот ветер остави последици во Битола, службите го расчистуваат теренот

Три лица се повредени, неколку автомобили се оштетени, а околу 20 паднати дрвја се пријавени по силниот ветер што од синоќа ја зафати Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, кој попладнево бил на терен
Go toTop