Сексуално насилство и силување се најмалку пријавувани форми на насилство

March 28, 2025
2 mins read

Експертската дебата на тема „Дали се почитува пристапот фокусиран на жртва при прибирањето на докази во случаи на сексуално насилство и силување“, што се одржа денеска ги истакна главните предизвици со кои се соочуваат жртвите и надлежните институции. Учесниците дискутираа за потребата од законски решенија кои ќе спречат двојна виктимизација на жртвите и ќе ги заштитат од дополнителни трауми. Предложија формирање на банки за чување на форензички докази и подобрување на меѓусекторската соработка.

Како што соопштија организаторите Мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, имајќи ги предвид фактот дека сексуалното насилство, а особено силувањето, е една од најмалку пријавуваните и процесуираните форми на насилство, а со препораките на Гревио од септември 2023 година, како и обврските преземени со ратификацијата на Истанбулската конвенција, државата има обврска да ги почитува пристапот насочен кон жртвата и пристапот заснован на правата на жртвите. 

 „Кога работиме на развивање на закони, стратегии, политики за насилство врз жени, мораме да имаме на ум еден многу важен аспект – кои се потребите на жртвата во моментот кога ќе побара помош. Независно дали првично ќе се обрати во граѓанска организација или во некоја од релевантните институции, тоа што ѝ е неа најпотребно и е подготвена да го направи треба да биде во фокус на чекорите кои ќе бидат преземени“, истакнала Елена Димушевска, директорка на Мрежата против насилство врз жени и семејно насилство.

Проф. Гордана Лажетиќ од Институтот за казнено право и криминилогија при Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје, споделила дека еден од можните начини за унапредување пристапот во случаи на сексуално насилство и силување би бил формирање на банки за чување на форензички докази, кои заради нивната природа мора да се земат побрзо, а потоа жртвта да се охрабри да пријави и притоа да биде заштитена од страна на институциите. Тоа, според неа, треба да се постигне меѓусекторски и со учество на граѓанските организаци.

Судијката Оља Ристова, преку примери од судската пракса укажала на недоследностите во постапките. Таапосочила дека судовите се должни да ги почитуваат правата на жртвите, меѓутоа, за да се донесе правилна одлука, постапката мора да се базира врз законити и релевантни докази.

Обвинителката Ленче Ристоска ја објаснила постапката при пријавување и прибирање докази во случаи на сексуално насилство и силување и рече дека има простор таа постапка да биде олеснета за жртвата, таа да не дава искази пред сите инстанци и системот да биде поефикасен кога се работи за вакви случаи.

Неда Чаловска, независна експертка, посочила дека сегашниот систем принудува сексуалното насилство да мора да се пријави во полиција и јавно обвинителство, од сите институции, вклучително и од здравствените работници и вработените во упатните центри за сексуално насилство, без разлика на волјата на жртвата. Истанбулската конвенција и ГРЕВИО, кој ја набљудува имплементацијата на конвенцијата, како што потсетува, јасно посочуваат дека сите сервиси, вклучително и собирањето на доказите во случај, на пример, на силување треба да и бидат обезбедени на жртвата, без разлика дали таа во моментот сака или не сака да го пријави делото пред органите на прогонот.

-Анализата покажа дека ваков пристап насочен кон жртвата, имаат земено најголемиот број од земјите од Европската унија и пошироко. Праксата од овие земји покажува дека во случај на силување форензичките докази се земаат во согласност со волјата на жртвата и се чуваат до 2 години, период кој и се остава на жртвата да одлучи дали таа ќе поведе постапка против сторителот, посочи Чаловска.

Проф. др. Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина, нагласил дека тие мора да постапуваат согласно важечките закони, а доколку се сменат законските решенија во однос на постапките тие ќе се држат до нив. Тој ја истакнал потребата од навремено земање на телесните докази и нивно соодветно чување и обработка. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Штипска Апелација одлучи – екс градоначалниците Димитровски и Илиев остануваат во куќен притвор

Следно

Сиљановска Давкова на средба со делегација на Сојузната здружена команда на НАТО во Неапол: Продолжена соработка и заеднички ангажман за безбедноста на Балканот

Latest from Blog

Се шират шпекулации дека Ким Џонг Ун е мртов. Северна Кореја објави нови негови фотографии.

На фотографиите се гледа како Ким разгледува детски обувки и женска облека. Оваа објава доаѓа во време на шпекулации за здравствената состојба на 42-годишниот лидер и за можна криза околу наследувањето на

Николоски: Новиот оператор „4iG“ ќе користи сателити на Илон Маск за мобилно поврзување

Новиот мобилен оператор „Оне Македонија“, дел од унгарската групација „4иГ“, планира да ја користи сателитската мрежа Starlink на компанијата „Спејсекс“. Ова го најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју

ЗК Пелагонија ја гради иднината на домашното млекопроизводство: Знаење, технологија и посветен тим

Земјоделскиот Kомбинат Пелагонија е водечка компанија во рамките на агробизнисот во државата и најголемиот производител на храна во земјава. Располага со 16 000 хектари земјоделско земјиште, а во склоп на комбинатот се

Реал блеска без Винисиус, Диоманде ќе го седне на клупа Бразилецот

Винисиус би можел да се соочи со сериозен проблем во Реал Мадрид. Бразилецот ја одработи првата од четирите средби суспензија против Севиља, а од трибините гледаше како неговите соиграчи убедливо победуваат и
Go toTop