Сиљановска Давкова на средба со делегација на Сојузната здружена команда на НАТО во Неапол: Продолжена соработка и заеднички ангажман за безбедноста на Балканот

March 28, 2025
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска прими делегација на Сојузната здружена команда на НАТО во Неапол, предводена од адмирал Стјуарт Манч, кој со своите колеги престојува во земјава по повод 5 –годишнината од членството на нашата држава во НАТО. На средбата присуствуваше и амбасадорката на САД, Анџела Агелер.

Истакнувајќи ја својата благодарност за нивното присуство на значаен јубилеј за државата, претседателката Сиљановска – Давкова истакна дека од двете стратешки цели за кои постоеше консензус, првата – НАТО е реалност, а не гледа причина и втората – ЕУ да не се оствари.

И во овој тежок и тажен период низ којшто поминуваат македонските граѓани, како што рече, за нас беше многу важно да знаеме дека не сме сами и дека нашите пријатели, меѓу кои и НАТО, и во најтешките моменти се со нас.

Изразувајќи сочувство за огромната загуба во трагедијата во Кочани, адмиралот Манч рече дека државата, но и сите други земји коишто помагаат ја препознале важноста од брз одговор на кризата.

Соговорниците се заложија за понатамошна соработка во рамките на Алијансата при што адмиралот Манч се заблагодари за македонскиот придонес во бројните мировни мисии, со коишто се здоби со заслужен респект.

Претседателката изрази подготвеност македонската Армија и понатаму да биде дел од НАТО мисиите заради придонес во зачувувањето на регионалната, но и глобалната безбедност. 

На средбата стана збор и за состојбите на Балканот и обајцата се согласија дека регионот и понатаму се соочува со бројни безбедносни предизвици, особено врзани за спорот меѓу Косово и Србија, како и состојбата во Република Српска, односно Босна и Херцеговина.

Посочувајќи дека НАТО останува посветен на одржување на безбедноста на регионот, адмиралот Манч, на крајот истакна дека безбедносните предизвици полесно ќе се надминат ако во нивното решавање заедно учествуваат Алијансата и Европската Унија.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сексуално насилство и силување се најмалку пријавувани форми на насилство

Следно

Судири на промонархистичките групи со полицијата во Непал, 2 загинати, 45 повредени

Latest from Blog

Огромен пожар избувна во бар во Бангкок, најмалку 27 загинати, а осум се тешко повредени (ВИДЕО)

Пожарот започнал во близина на сцената на барот во популарниот кварт Чатучак, а потоа брзо се проширил, прекинувајќи ја струјата и зафаќајќи ја просторијата со чад, велат очевидци. Пожарникарите, кои пристигнале на

Астон Вила „крена раце“ од Мартинез, ќе го купува Сузуки

фото: Le 12e Analyste @ResiliencePSG (X) Новинарот Екрем Конур денеска објави дека екипата на Астон Вила се подготвува за разделба со аргентинскиот репрезентативен голман Емилијано Мартинез. Според Конур, англискиот клуб засилено работи

„Белата куќа повеќе нема да биде безбедна за Трамп“

Боруџерди нагласи дека одмаздата за атентатот врз поранешниот врховен лидер Али Хамнеи станала „обврска“ за неговите следбеници и „сите слободни луѓе низ целиот свет“. Тој додаде дека Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху
Go toTop