Штипска Апелација одлучи – екс градоначалниците Димитровски и Илиев остануваат во куќен притвор

March 28, 2025
1 min read

Штипска Апелација одлучи, двајцата бивши градоначалници на Кочани, Николчо Илиев и Ратко Димитровски остануваат во куќен притвор. Тие се дел од осомничените во истрагата за пожарот во дискотеката на смртта во кој животот го загубија 59 лица, а речиси 200 се повредени. 

“Жалбите изјавени од осомничениот Р.Д. од К. преку бранителот адвокат А. С. од К. и од Основниот јавен обвинител од Кочани, против решението на Основен суд Кочани КС-36/2025 од 24.03.2025 година во ст.1 со кое мерката притвор се заменува со мерка куќен притвор, – се отфрлаат како недозволени.“

По истекот на 30 дена од денешната одлука на Апелациониот Суд во Штип, доколку од страна на Јавното Обвинителство се побара продолжување на притворот на екс градоначалниците, тогаш ќе одлучува Кривичен Совет во Кочани составен од тројца судии, со тоа што донесената одлука постои можност да се обжали. Во меѓувреме, доколку осомничените пак, не ги почитуваат одредбите што се донесени за куќниот притвор, како што е на пример забраната за комуникација, во тој случај куќниот може да биде заменет со ефективен притвор и пред истекот на овие 30 дена.

Но, барањето од јавноста за транспарентна истрага и понатаму останува, а за ова се дебатираше и во 24 Анализа.

Во однос на истрагата, која се следи со огромен интерес во јавноста, во ефективен притвор засега останува актуелниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, кој по трагедијата поднесе оставка од функцијата, а во куќен притвор освен двајцата бивши градоначалници, Димитровски и Илијев, исто така останува и поранешната директорка на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска-Димоска.

Инаку, вкупно 34 лица досега се осомничени за пожарот во Кочани, а не е искучена можноста оваа бројка да расте.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Марадона починал во агонија

Следно

Сексуално насилство и силување се најмалку пријавувани форми на насилство

Latest from Blog

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка

МБИ10 со пад од 0,16% – Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија –

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 27 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,16% и заврши на 9.932,53

Ливерпул продолжува да се потпира на Арне Слот

фото: Liverpool France (X) Добро познатиот новинар Дејвид Орнштајн коментираше за иднината на менаџерот на Ливерпул, Арне Слот. „Сите наши информации, и покрај некои спротивни извештаи, се дека Ливерпул се потпира на
Go toTop