ССМ најави протести на 2 април поради минималната плата

March 28, 2025
1 min read

Сојузот на синдикати на Македонија денеска најави протести на 2 април годинава, поради одлуката на Владата да ја утврди минималната плата без учество на работниците како што налага Законот за минимална плата. Ова денес на прес конференција го изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов кој информираше за одлуките донесени на седница на претседателствот на ССМ

Главна причина за ваквата одлука, како што посочи, е одлуката на Владата еднострано да ја усвои информацијата за минимална плата, со која минималецот се зголемува за нешто на 1,.800 денари, што според синдикатот е на штета на рработниците.

„Од последната прес-конференција се засилија нападите кон ССМ и другите синдикати од политичка партија и политички поставени директори кои земаат плати од нас кои плаќаме даноци. Ги плаќаме за жестоко да се борат со закани и уцени, откази и намалување на плати на наши активисти, со цел да направат друг репрезентативен синдикат на штета работниците“, истакна Трендафилов.

Тој рече дека намерата на синдикатоте не е да се руши Владата, туку да им се зголемат платите на работниците.

Трендафилов информираше дека не се преговара со поголемиот дел на гранските синдикати на ССМ, како и за висината на платите.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Обилни дождови во БиХ, излеани реки и поплави

Следно

ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ САНДЕНС ЌЕ СЕ ПРЕСЕЛИ ВО БОУЛДЕР, КОЛОРАДО ПО 40 ГОДИНИ ОДРЖУВАЊЕ ВО ЈУТА

Latest from Blog

Трамп: Мигрантите ја презедоа Франција, мора итно да ги затворат границите (ВИДЕО)

Во најновата објава на социјалната мрежа Truth Social, тој упати уште една остра порака до француските власти. „Мигрантите ја презедоа Франција. Тие мора да ги затворат границите, и тоа брзо!“, напиша Трамп.

Флик сака искусен лидер во одбраната: Ван Дајк е на радарот на Барселона

Ханси Флик веќе размислува за засилување на одбраната на Барселона за следната сезона, а едно од имињата што се поврзуваат со каталонскиот гигант е Вирџил ван Дајк. Според пишувањето на каталонскиот медиум
Go toTop