Руски извидувачки авион оштетен во саботажа на опозицијата во Белорусија

February 27, 2023
1 min read

Горда сум на сите Белоруси што продолжуваат да се спротивставуваат на руската хибридна окупација на Белорусија и се борат за слободата на Украина, напиша лидерката на опозицијата Свјетлана Тихановска

Руски воен авион за набљудување А-50 бил оштетен во напад со дрон на аеродромот „Мачулиши“ во близина на белоруската престолнина Минск, потврдија членовите на белоруската опозиција во егзил, а лидерката на опозицијата Свјетлана Тихановска рече дека е горда на нив, пренесува „Киев индипендент“.

„Горда сум на сите Белоруси што продолжуваат да се спротивставуваат на руската хибридна окупација на Белорусија и се борат за слободата на Украина“,

напиша Тихановска.

Шефот на белоруската антивладина организација БИПОЛ, Александар Азаров, на Телеграм и на полскиот канал за вести „Белсат“ напиша дека станувало збор за беспилотни летала и оти учесниците во операцијата биле Белоруси.

„Тоа беа беспилотни летала. Учесниците во операцијата се Белоруси. Тие се сега безбедни, надвор од земјата“,

изјави Азаров.

Советникот на белорускиот опозициски лидер Свјетлана Тихановска во објава на Твитер рече дека ова е најуспешниот чин на саботажа од почетокот на 2022 година.

Предните и централните делови на авионот, како и радарската антена, се оштетени како резултат на две експлозии во нападот на воздухопловната база во близина на Минск. Рускиот авион „бериев А-50“ е наменет за воздушно рано предупредување и има можност за следење до 60 цели истовремено.

Од почетокот на руската инвазија на Украина пред една година, имаше неколку саботажи во Белорусија и во руските региони кои граничат со Украина, особено на железничкиот систем.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко не учествуваше директно во руската војна против Украина, но им дозволи на руските сили да ја користат територијата на почетокот на инвазијата пред една година. Во Белорусија се распоредени одреден број руски воени авиони и авиони за рано предупредување и контрола.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Изречени казни за 194 возачи во општина Ѓорче Петров и Сарај

Следно

Републиканците во САД бараат лојалност од членовите кои учествуваат во изборните дебати

Latest from Blog

Дуковски: Васил изрази најдлабоко можно каење, мора да се цени тоа што призна вина

Сашо Дуковски, адвокатот на Васил Јованов кој ја умсрти младата Фросина Кулакова на „Партизанска“ во Скопје во близина на Универзалната сала, кажа дека Судот треба да го земе во предвид и длабокото

Пијано дуото „Променада“ ќе одржи концерт во македонската филхармонија

Во понеделник, со почеток во 20 часот, во Камерната сала на Филхармонија ќе настапи пијано дуото „Променада“ со пијанистките Татјана Божиновска и Билјана Димовска. На програмата се дела од Менделсон, Рахмањинов, M.

Генерација Z и пазарот на трудот: Како младите ја гледаат својата иднина?

Во октомври 2024 година, платформата „Startuj Infostud“ спроведе истражување меѓу 1.805 млади во Србија со цел да добие подлабоко разбирање за нивните ставови и искуства во врска со пронаоѓањето работа и очекувањата

Сите плажи на Охридско-струшкото крајбрежје да ангажираат спасители на вода за претстојната сезона

Угостителските објекти во туристички Охрид безбедносно се подготвуваат за летната сезона. Зголемен е бројот на угостители кои периодов побарале обуки за ново вработените и сезонците за давање прва помош и за евакуација
Go toTop