Јаневска од „Кој е следен?“ во Аргумент плус: Не сме поврзани со политички партии, нашите барања се насочени кон системски промени

March 27, 2025
1 min read

Милена Јаневска од иницијативата „Кој е следен?“ во Аргумент плус рече дека, барањата на граѓанското движење се поврзани со одговорност, транспарентност и безбедност.

Според неа, тие се насочени кон сите трегаедии кои досега ја погодиле Македонија. Таа објасни и дека иницијативата не е поврзана со ниту една политичка партија.

„Барањата нас ни се во две групи и тоа одговорност и безбедност и преценција. За бзбедноста произлегуваат од случајот во Кочани исто и траспарентност односно објавување на документи од настанувањето на дискотеката па се до пожарот. Би сакала да кажам дека имаме и барања за претходните случаи. Имаме барања и кои би спречиле вакви инциденти а тоа се регистар односно дигитална платформа е-инспекторат каде ќе бидат објавени сите инспекциски надзори и бараме да се воспостави центраел број каде секој граѓанин ќе може да пријави одредена нерегуларност. За одговорноста, ја препуштаме на истрагата да лоцира кривична одговорност. Морална одговрност треба да има од сите инволвирани во сите трагедии и имаат должност да се произнесат кон јавноста, Нашиот револт е и е дека пратениците заминаа на одмор. Тие кои ги плаќаме моментално се на одмор во најкритичната ситуација во Македонија“, рече Јаневска.

„Ние не сме поврзани со никаква политичка партија и не сме политичка партија, работиме на процес каде што ќе биде позасилен моментот на филтрирање. Ако сакаш да дојдеш да бидеш со нас, да работиме на побезбедна држава, ќе треба да се пополни формулар, од кај си што си, зошто се приклучуваш. Јас не бев тука кога се случи настанот со Фросина, си пополнив формулар се приклучив транспарентно. Јас ја разбирам паранојата за шарена револуција, сорос етикети и нормлано е да има вакви етикетиртаања бидејќи нашите чисти мотиви сакат да ги задушат. Излегуваме за да вршиме притисок затоа што како што сме виделе до сега немало исход. Досега сме немале контакт со надлежните, ниту не побарал некој ниту ние сме ги побарале“, додаде Јаневска

 

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голема победа за Ивановски за четвртфинале во Опатија

Следно

Орав: Косово и Србија не можат во ЕУ без нормализација на односите

Latest from Blog

Муцунски негира дека имал средба со бугарската колешка: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, негира дека имал средба со неговата бугарска колешка, Весислава Петрова – Чамова, во Брисел и воедно потсетува дека користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот

Шокантни детали во новите документи на ФБИ за вонземјаните: Мали суштества и мистериозни материјали (ФОТО)

Новообјавените документи од Федералното истражно биро на САД (ФБИ) откриваат извештаи за неидентификувани летачки објекти (НЛО), вклучувајќи и извештаи за „суштества високи еден метар“ кои, според очевидци, „излегле од летало“, како и
Go toTop