Започна сезоната на цутење на црешите во Јапонија

March 27, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Првите цветови на сакура (цветот на црешата) го означија почетокот на пролетта во Токио, привлекувајќи голем број посетители на традиционалните локации за набљудување на овие цвеќиња, јавува Анадолу.

Сакурите, омилен цвет на Јапонија, обично го достигнуваат својот врв во периодот од крајот на март до почетокот на април, совпаѓајќи се со почетокот на новата училишна и деловна година.

Голем број Јапонци уживаат во прошетки или пикници под дрвјата, следејќи ја вековната традиција на „ханами“ – јапонски традиционален обичај на набљудувања и уживање во убавината на цвеќето.

Цветовите на сакура имаат длабоко влијание врз јапонската култура со векови и често се мотив во поезијата и литературата.

Нивната нежност и краткотрајност се сметаат за симбол на животот, смртта и повторното раѓање.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По речиси два месеци од исчезнувањето за Миле Тодоров сѐ уште нема информација

Следно

Сопствениците на ПСЖ ја купуваат Малага за 100 милиони евра

Latest from Blog

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

За време на обемното интервју, еден ден по обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, Пезешкијан ги повтори добро познатите ставови на Иран за војната, неговата нуклеарна програма и внатрешното незадоволство. Тој,
Go toTop