Кремљ поставува услови за прекин на огнот во Црно Море

March 26, 2025
1 min read

Кремљ денеска соопшти дека мора да се исполнат голем број услови пред да биде активиран договорот за безбедност на Црното Море договорен со САД, потсетувајќи дека не се исполнети руските барања според претходниот договор за извоз на жито преку Црното Море.

САД вчера постигнаа одвоени договори со Украина и Русија за ставање крај на непријателствата во Црното Море и запирање на нападите врз енергетската инфраструктура, а Вашингтон се согласи да изврши притисок за укинување на некои санкции кон Москва.

Кремљ денеска соопшти дека е задоволен од дијалогот со САД, уверувајќи дека „интензивните“ контакти продолжуваат еден ден по објавувањето на договорот, со помош на Вашингтон, за можен прекин на огнот во Црното Море.

„Задоволни сме од прагматичниот и конструктивен начин на кој се одвива тој дијалог, кој исто така дава резултати“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека „навистина интензивните“ контакти со САД сè уште се во тек.

Тој потврди дека е на сила наредбата на претседателот Владимир Путин за мораториум на нападите врз украинскиот енергетски систем.а

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Видевски ги негира наводите за убиствата на Вања и Панче, Кешишев ќе сведочи на следното рочиште на 2 април

Следно

Зелено светло од Министерството за енергетика на Грција за истражување за природен гас јужно од Крит

Latest from Blog

Лесно е кога Елмас ќе даде гол, Аталанта убедливо победи, фаворитите немаа проблеми

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го постигна најбрзиот гол во изминативе три дена во трите натпреварувања на УЕФА. Елмас погоди за водство на Аталанта во Бергамо кога по само 46 секунди даде гол

Хутите ѝ се закануваат на светската економија- зошто западните земји не ѝ понагаат на Саудиска Арабија?

Исто така, го поставува прашањето зошто Западот не прави повеќе за да ги поддржи своите саудиски сојузници, објави британски Телеграф во авторски коментар. Нападите на Хутите се закануваат да предизвикаат уште поголеми

Трамп испраќа војска во Панама

САД испраќаат неколку стотици војници во Латинска Америка за обука на локалните сили и спроведување заеднички вежби, додека Пентагон ја проширува својата кампања против трговците со дрога во регионот, објави „Њујорк тајмс“,

Гаштаров асистираше за гол но Црвена ѕвезда прокоцка водство и загуби кај Лугано на Алиоски (Видео)

Новопечениот македонски репрезентативец, тинејџерот Матеј Гаштаров одигра одличен меч, но неговата Црвена ѕвезда загуби на гостувањето кај Лугано, во првото коло од Конферекциската лига на УЕФА. Лугано водеше со 1:0, потоа гостите

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и
Go toTop